• Latest

Кој навива за „добивање вето за ЕУ“ од Хрватска за случајот со ракометарот Тот?

April 15, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кој навива за „добивање вето за ЕУ“ од Хрватска за случајот со ракометарот Тот?

April 15, 2022 14:11
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи и во дел од медиумите се шири дезинформација дека е можно Хрватска да и стави вето на нашата држава за отпочнување на преговорите со ЕУ, поради, како што пишуваат „обидот за прикривање“ на убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје.

Интернет порталите Vecer.mk и Expres.mk повикувајќи се на анонимни (претставници на хрватските власти) пишуваат дека Хрватска очекува да се казнат убијците, но и тие што се обиделе да го сокријат убиството, во спротивно може да го употреби механизмите на ЕУ од поглавјето кое се однесува на „Правда и внатрешни работи“ а во најлошото сценарио да и се придружи на Бугарија во ветото за почеток на македонските преговори со Европската унија, поради, како што пишуваат горенаведените медиуми „Скандалозната реакција на МВР во првично објавените информации за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје“.

Овие два портали објавиле ист текст само со различни наслови, односно информациите ги добиле од наводни анонимни претставници на хрватските власти.

Амбасадата на Република Хрватска во Република Северна Македонија, за ЦИВИЛ Медиа вели дека од првиот момент кога ја добиле веста за страдање на хрватскиот државјанин, ракометарот Денис Тот, Амбасадата на Република Хрватска во Скопје е во контакт со сите надлежни институции на Северна Македонија и Република Хрватска и информациите од наведените извори ги сметаат за единствените релевантни информации.

„Наводите во медиумите не ги коментирав, па така не би сакала да ги коментирам ниту овие што се појавија во медиумскиот простор на Северна Македонија“, вели амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, за ЦИВИЛ Медиа.

Дезинформацијата за „можно вето од Хрватска“ се прошири и на Твитер, односно профилот „Вампирка“ објавила статус дека „сè што треба да знаеме за нашава црна дупка е дека Хрватска ќе ни стави вето за влез во ЕУ ако не се казнат сторителите за случајот со Тот“. Оваа (дез)информација ја слушнала на радио додека одела на работа.

Дел од Твитер заедницата ја разобличија дека шири лаги и дезинформации. Прво твитер налогот Вампирка тврдеше дека за можното вето од Хрватска слушнала на Радио Бубамара, а потоа како доказ го споделуваше текстот од Exspres.mk кој нема импресум, односно нема автор на текстот.

Оваа дезинформација има над 130 споделувања и речиси 700 допаѓања, од симпатизери на опозицијата.

Одредени структури за жал се обидуваат да профитираат од убиството на младиот хрватски ракометар Тот, преку ширење на дезинформации и лаги со цел да се дискредитира власта. Дезинформациите носат краткорочен профит, но последиците може да бидат долгорочни.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ