Задача број еден е да се забрза обновувањето на мирот. Нашите вооружени сили тоа го прават брилијантно. Тие ги одбиваат окупаторските напади. Тие вршат контранапади. Нашите дипломати мора да ја продолжат својата активност во сите можни правци, на сите можни нивоа. И официјални и неофицијални, објави украинскиот претседател Зеленски на Фејсбук каде го сподели своето синоќешно видео обраќање до нацијата.
Следниот пакет санкции против Русија мора да вклучува и напуштање на руската нафта. Генерално, демократскиот свет мора да признае дека парите за руските енергетски ресурси се всушност пари за уништување на демократијата.
Кога ќе се донесат овие одлуки, сите ќе можеме да видиме дека мирот се приближува.
Украинските владини претставници речиси го завршија пополнувањето на прашалникот за кандидатски статус во ЕУ, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето видео обраќање до нацијата во петокот вечерта.
„Со владините претставници разговаравме и за работата на пополнување на прашалникот што Украина го доби од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Ова е неопходна фаза во подготовките на нашата земја да стане кандидат за членство во ЕУ. Работата е речиси завршена, а одговорите наскоро ќе ги доставиме до претставниците на Европската унија“, рече тој.
подготвил Д.Мишев