• Latest
Џабир Дерала

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат!

April 17, 2022
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат!

Повеќето луѓе не сакаат да се конфронтираат. Тие сакаат своето мислење да го чуваат за себе, за да го зачуваат мирот во сопствениот меур. Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин им ја препуштаат јавноста на неписмените и насилниците.

April 17, 2022 14:33
in ДИСКУРС, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Социјалните мрежи се извонредна илустрација за состојбите во општеството. Првиот заклучок што може да се извлече од објавите и коментарите е поразителното ниво на писменоста. Вчудовидува колку многу луѓе се, практично, неписмени. Ако не знаат да пишуваат, тогаш сигурно тешко и читаат.

ПРОСТАЧКИ, НЕПИСМЕНИ, НАСИЛНИЧКИ

Ако не знаат да читаат и да пишуваат, значи дека имаат проблем и да го разберат тоа што го читаат. Знаејќи го сето тоа, не треба да зачудува фактот што нивните „јавни настапи“ на социјалните мрежи се простачки и неписмени, најчесто насилнички.

Лесно е неписмен или полуписмен човек да се обработи, да му се всадат вредности кои одат против сè што е човечно. Да му се ограничи свеста и совеста. Да се претвори во пион на центрите на моќта кои се борат против демократијата и прогресот.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН?

Луѓето не се целосно одговорни за својата тапоглавост. Одговорни се тие што не им дале минимум квалитетно образование. Понатаму, може да се каже, уште повеќе одговорни за ниското ниво на писменост и разбирање на настаните се медиумите. И не се само тие.

Политичките партии и институциите кои имаат директна одговорност да промовираат вредности во општеството, секојдневно го уриваат и онака ниското ниво на писменост и свест. Да не ги заборавиме и верските заедници. Дел од нив имаат, колку голема и важна, толку и неславна, улога во промоцијата на дискриминацијата, омразата и војната.

СЛЕПИЛО ПРЕД ФАКТИТЕ

Затоа, социјалните мрежи се преполни со „јавни настапи“ што, освен што се неписмени, немаат ни најдалечна врска со логиката и реалноста. Зачудува како луѓето ги опфаќа тотално слепило пред фактите. Одлепени од реалноста, отуѓени од местото каде што живеат, затапени и несвесни за интересите на заедницата во која живеат, опиени од восхитот кон насилниците – тие не се служат со сопствените сетила, ниту со сопствениот мозок.

ЗЛОТО ПРЕД ДОБРОТО

Но има нешто полошо и подлабоко. Изгледа дека насилството и злото на многумина им се попривлечни од мирот и добрината. На дланка го имаат целото светско знаење, но одбираат да веруваат во лагите. Меѓу добрината, правото на живот и хуманоста од една страна и ограбувањето, уривањето, убивањето, тортурата и силувањето, од друга страна, го одбираат второто, злото.

ЕХО НА ПОВИЦИТЕ ЗА ГЕНОЦИД

Така, некој лумпен трол, македонски иселеник што живее во Мелбурн, на социјалните мрежи ќе го видите како се става во одбрана на Путин и повикува на ликвидации на неговите неистомисленици, па нека се и Руси. Заминал од Македонија дури во Австралија (не во Русија), живее пристоен живот, благодарение на австралиското уредување, но се претворил во верен поданик на Путин, кого ни Русите одамна не го сакаат.

Тој/таа е само простачко и неписмено ехо на грозоморните повици на геноцид на првиот канал на руската национална телевизија. И утре веројатно ќе гласа за некоја екстремна десничарска политичка опција која внесува поделби, омраза и насилство меѓу луѓето.

НАЈЛЕСНИ ЖРТВИ

И на повеќето други важни теми во светот се однесуваат слично. Тие се најлесните жртви и најревносни дистрибутери на теориите на заговорот и омразата кон различностите, на секој став различен од нив одговараат со повици за линч.

ТИВКОТО МНОЗИНСТВО

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат! На ордата неписмени мразачи на социјалните мрежи индиректно им помага и тивкото мнозинство на, повеќе или помалку, „пристојни“ луѓе кои не сакаат да се „експонираат“. Навистина, повеќето луѓе не сакаат да се конфронтираат. Тие сакаат своето мислење да го чуваат за себе, за да го зачуваат мирот во сопствениот меур.

ОПШТЕСТВОТО ИМ ПРИПАЃА НА СИТЕ

Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин им ја препуштаат јавноста на неписмените и насилниците. Исто како што е погрешно да не се гласа, а со тоа правото на капитални одлуки во општеството да им го препуштат на партиските војски. Право на секој поединец е да биде пасивен и да се затвори во сопствениот меур.

Но важно е секој да знае дека последицата од пасивноста значи зелено светло за непречено дејствување на најмрачните структури во општеството. Важно е да се сфати дека граѓанското учество не е работа, дека општеството им припаѓа на сите, така што грижата за вредностите е како грижа за домаќинството.

КОЈ ТОА НЕ НАПРАВИЛ ДОВОЛНО?

Уште полошо е кога дел од „пристојните“ луѓе ќе решат да проговорат и да го истурат своето незадоволство врз врз оние што донкихотовски се борат против неписменоста и насилството. Затоа што „не направиле доволно.“ Кој тоа не направил доволно? Не гледаат дека токму тие се, барем делумно, заслужни што општеството и демократските институции се окупирани од насилници и криминалци.

Но тоа е уште една долга и тревожна приказна за самоуништувањето.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на оваа содржина според лиценцата Creative Commons 4.0.

ПОГЛЕДНЕТЕ И:

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ