• Latest

Атанасовски: Мора да имаме меѓуетничка толеранција, а говорот на етничка омраза да замине во историјата

April 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Атанасовски: Мора да имаме меѓуетничка толеранција, а говорот на етничка омраза да замине во историјата

„Политичките партии и елити мора да излезат од својот кожурец на етничката припадност. Македонија треба да ги напушти т.н. етничките политички блокови, македонски, албански, и останати блокови од етничките заедници, односно партиите во Македонија да го напуштат етничкиот предзнак, да не им се обраќаат само на граѓаните од својата етничка припадност, туку на база на идеолошка платформа и врз база на понудени решенија тие да се легитимираат од сите граѓани без разлика на нивната етничка и религиозна припадност“, истакна Атанасовски.

April 18, 2022 11:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија како мултиетничка држава после 30 години независност мора на пиедесталот на своите општествени односи да ги издигне и да ги испочитува етничките првила на поведение и живеење. Мора да имаме меѓуетничка толеранција, мора говорот на меѓуетничка омраза да замине во историјата, и Македонија да стане вистинско граѓанско мултиетничко и мултикултурно општество каде што јазичните, културите, родовите права ќе бидат издигнати на пиедесталот за Македонија да стане конечно еманципирано општество кое со трендовите во 21 век ќе зачекори напред, бидејќи Македонија декларативно и суштински и формално правно сака да стане полноправен член на семејството на европските народи, вели политикологот Благојче Атанасовски за ЦИВИЛ Медиа.

„Единствениот пат за Македонија да биде успешно унитарно комплементарно општество мора се повеќе и повеќе да се издвојуваат почитувањето на човековите права, почитувањето на меѓуетничките разлики, издигнувањето на правата на етничките заедници, но не да станат колективни права и Македонија да заврши во еден вид бинационална држава, односно да стане вистинска граѓанска држава каде што човекот пред сè, односно граѓанинот пред сè, кој што ќе ги користи сите свои права, етнички, религиозни, јазични, социјални, културолошки, но исто така ќе има и обврски кон државата бидејќи сепак односот граѓанин – држава подразбира и права и обврски.

Македонија е веќе уморено општество од меѓуетнички и меѓурелигиски поделби, говорот на омраза особено на меѓуетничките поделби, и отука мора да извлечеме поука од нашето 30-годишно функционирање и врз база на таа поука комплетно политички и општествените односи да ги промениме. За тоа да станеме реалност и факт како што го зборам ова реторички, мора политичките партии и елити да излезат од својот кожурец на етничката припадност. Македонија трена да ги напушти т.н. етничките политички блокови, македонски, албански, и останати блокови од етничките заедници, односно партиите во Македонија да го напуштат етничкиот предзнак, да не им се обраќаат само на граѓаните од својата етничка припадност, туку на база на идеолошка платформа и врз база на понудени решенија тие да се легитимираат од сите граѓани без разлика на нивната етничка и религиозна припадност“, истакна Атанасовски.

Камера и монтажа: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ