• Latest

ЦИВИЛ за (продолжениот) штрајк во образованието: Интересите и добробитта на децата мора да бидат на прво место!

April 27, 2022

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ за (продолжениот) штрајк во образованието: Интересите и добробитта на децата мора да бидат на прво место!

ЦИВИЛ уште еднаш упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси.

April 27, 2022 13:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ уште еднаш предупредува на штетните последици од (продолжување) на штрајкот во образованието врз развојот на децата. Одлуката на СОНК да го прекине штрајкот и да продолжи наставата, но по одредени притисоци од членството повторно да го продолжи, упатува на политички, односно партиски мотивирано дејствување. Уште посериозен е проблемот што штрајкот веќе до сега ги загрози правата на децата, на што предупреди и УНИЦЕФ, како и ЦИВИЛ во претходното соопштение (Да за повисоки плати, но не врз грбот на децата!).

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи во чија работа веќе 23 години се вградени заложбите за социјална правда и недискриминација, ја изразува поддршката за барањата за повисоки плати на работничките и работниците во сите сектори. Оттаму, ЦИВИЛ принципиелно се залага за повисоки плати за вработените и во образованието. Но не врз грбот на децата, односно ученичките и учениците во основните и средните училишта! Тие имаат фундаментално право на образование.

ЦИВИЛ уште еднаш упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси.

Децата не се должни да ги трпат последиците од лошите состојби во образованието и барањата за повисоки плати. Децата и нивните семејства не се должни да ги трпат импровизациите што се најавуваат за надополнување на изгубените часови. Ваквиот однос кон децата мора да престане!

Ставот на ЦИВИЛ, како и на многубројни семејства со кои организацијата стапи во контакт во текот на изминатите денови, останува ист:

Интересите на децата мора да бидат на прво место!

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека од повеќе општини низ земјата дојдоа извештаи за непримерен притисок врз дел од наставниот кадар да се приклучи кон штрајкот. Според изјавите на наставниците кои се обратија во организацијата, мотивацијата за штрајкот, како и притисоците врз нив се политички мотивирани. Според нив, притисоците се вршат од позиција на одредена политичка партија и немаат врска со социјалните барања на наставниот кадар.

СОНК и институциите имаат обврска да ја почитуваат Конвенцијата за правата на детето, усвоена на Генералното собрание на ОН, со резолуцијата 42/25 од 1989 година, во која, меѓу другото, во член 28, се вели:

Државите членки го признаваат правото на детето на образование  и поради постепеното остварување на ова право врз основа на еднакви можности, посебно:

(а) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите;

(д) На сите деца на располагање им ги ставаат образовните и стручните информации и услугите за професионална ориентација;

(е) Преземаат мерки за поттикнување на редовното посетување  на  училиштата и за намалување на испишувањето од училиштата.

Како организација која се залага за остварување и унапредување на универзалните човекови права, вклучително и правата на детето, ЦИВИЛ предупредува на кршењето на детските права во остварувањето на правото на образование, како и на штетните последици по децата кои произлегуваат од долготрајниот прекин на наставата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ