• Latest

Украинци и Руси обединети во Германија

April 29, 2022
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинци и Руси обединети во Германија

Од почетокот на руската војна во Украина над 380.000 лица од Украина пребегаа во Германија. Дел од нив најдоа засолниште и кај семејства со руско потекло. Функционира ли тоа без проблеми?

April 29, 2022 13:26
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој петок навечер кај семејството Маер светот накратко е повторно нормален и сè е во ред. Во тие два часа не се зборува за војната, нема споделување вести и слики од убиени цивили, нема тажни мисли поврзани со татковината. Наместо тоа, терминот е резервиран за заедничко гледање на британскиот комичар Мистер Бин – тој им стана важен дел од планирањето на викендот, пишува Дојче Веле.

„Кога го гледаме Мистер Бин заедно, сите сме целосно опуштени. Тој нѐ орасположува, а Полина толку заразно се смее што поради неа сите не можеме да престанеме да се смееме“, вели Наташа Маер.

Таа е родена во Кавказ и пред 20 години дошла во Германија. Заедно со сопругот и децата живее во близина на Бон. Од 16 март кај нив дома се сместени дванаесетгодишната Полина, мајка ѝ Ана и бабата Лариса, кои од Киев избегале преку Полска во Германија. Всушност презимето Маер во текстов е променето, бидејќи Наташа стравува од одмазда врз нејзините роднини во Русија, а сепак сака да ја раскаже оваа приказна која покажува дека овие народи може да се разберат меѓу себе и стотици километри подалеку од дома, на една кујнска маса во Германија. Ова семејство сака да докаже дека Украинците и Русите едноставно можат многу добро да живеат заедно и сега и во иднина.

Нема кавги во украинско-рускиот заеднички дом

Веднаш по почетокот на војната, Наташа Маер била цврсто решена дека мора да помогне. Одлуката да згрижи дома украинско семејство за неа е еден вид протест и можност да покаже сочувство со луѓето во Украина.

„Белорусите, Украинците и Русите – сите ние имаме многу заедничко во нашите култури. Се прашувам всушност каде се разликуваме. И сега, со оваа војна, треба да се гледаме како непријатели? Зошто?“, се прашува Наташа.

Семејството Маер, собата за играње на децата им ја ослободи на новодојденците, а децата дури сакале да им го дадат целиот џепарлак, со насмевка раскажува Маер. На поштенското сандаче веднаш го додале и презимето на украинските бегалци кои, како што вели, очекува овде да останат најмалку шест месеци.

„Досега сѐ е супер, како роднини да ни се дојдени на гости. Нема никакви кавги.“

Лариса, Ана и Полина во  Германија пребегале преку Полска и од Берлин стасале во Рајнската област. Во Украина останале таткото и дедото.  Во украинско-рускиот заеднички дом се зборува руски. Мајката Ана го презеде готвењето за сите за да не им бидат на товар на домаќините, иако се сè уште трауматизирани од војната и бегството. Бабата Лариса вели: „Многу сме тажни, но овде се чувствуваме удобно и сме вистински добредојдени.“

Бегалците знаат да направат разлика меѓу луѓето и политиката

Но, зарем не е малку бизарно да се бега од руските напади и да се најде засолниште кај семејство со руско потекло во Германија? Што велат роднините во Украина за ова? За Ана и Лариса, се чини, ова воопшто не е тема.

 „За нас не е проблем да живееме кај руски државјани. Многу Руси ја напуштаат земјата во знак на протест и за да испратат сигнал за Украина“, велат тие. „Важна е човечноста и како се однесувате едни со други. Не е виновна г-ѓа Маер што е родена во Русија. Нашето потекло ни е дадено, постапките на луѓето се тие што нѐ одредуваат какви сме“.

Сопругот на Наташа Маер вели дека не се зборува толку многу за политика како што се мисли. Позициите се јасни, сите се на иста страна – против војна и  против Путин.  Но, едно прашање постојано лебди во воздухот – кога конечно ќе има мир?

Лариса, Ана и Полина која веќе почна да оди во германско училиште и почна да учи и германски, сакаат што побрзо да си се вратат дома. На предлогот Наташа Маер да ги пријави мајката и бабата на курс за интеграција, тие велат: „Не ни треба тоа. Зошто? Па наскоро ќе си се вратиме.“

Во овие три недели колку што се во Германија,  украинските бегалци  веќе видоа и сфатија дека руската заедница овде има различни ставови во однос на војната. Од една страна се луѓе како Наташа Маер, која го осудува рускиот напад и несебично им обезбедува покрив над главата. Од друга страна, има едно гласно малцинство кое ја изразува својата поддршка кон Русија со авто-демонстрации, веејќи руски знамиња.

Различни ставови кон војната – причина за растурање на руските семејства и пријателства

Маер, исто така, е среде овој конфликт меѓу противниците и поддржувачите на Путин. Таа со години има група со пријатели на WhatsApp со кои заедно студирала странски јазици во Русија. Петмина останале во Русија, четворица живеат во Западна Европа. Темата војна била премолчена две недели пред Маер да биде првата што се осмелила остро да ја критикува инвазијата.

„Еден кој постигна најголема кариера меѓу нас и живее во Москва, тогаш бесно ја напушти групата. Друг ми пиша: ситуацијата овде во Русија е како во Германија во 1937 година, потполно иста. Една од жените што живеат во западна Европа го прекинала контактот со своето семејство и не сака веќе ништо со нив“.

Така, доаѓа до горчливата иронија на судбината дека луѓе како Лариса и Ана, кои побегнале од војната, ја тешат Наташа Маер кога очајува поради државната пропаганда на Русија во нејзиниот круг на пријатели. Таму тие веруваат и во грубите лаги на пратеник на АфД дека по почетокот на војната бил нацртан бел крст на секоја куќа на Русин што живее во Германија. Но, она што најмногу ја вознемирува е контактот со сопственото семејство во родната Русија.

„Оваа војна уништува семејства, се растураат пријателства, во зависност од ставот кој го застапувате“, вели Наташа Маер. „Но во оваа ситуација не може да бидете без став, мора да се одлучите за едната или другата страна. Со мајка ми секогаш се караме кога зборуваме за војната, па се обидуваме колку што е можно да не разговараме на оваа тема. Таа нема поим дека сме згрижиле украински бегалци“, признава Наташа.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ