• Latest

Првомајска порака од ЦИВИЛ: Неприфатлива е политичката злоупотреба на работничките права!

May 1, 2022
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Првомајска порака од ЦИВИЛ: Неприфатлива е политичката злоупотреба на работничките права!

Неприфатлива е спрегата во која дел од синдикатите и синдикалните лидери се ставени во функција на политичките амбиции на партиите и нивните лидери.

May 1, 2022 12:12
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ им го честита 1 Мај на сите работнички и работници во Република Северна Македонија и во светот. Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се подобрат условите за работа и почитувањето на достоинството и правата на работничките и работниците.

Синдикатите, граѓанските организации и политичките партии имаат обврска да покажат далеку повеќе искреност и посветеност во борбата за социјална правда и работнички права.

Од исклучителна важност за правата на работничките и работниците се синдикатите кои ги застапуваат работничките права. Во контекст на состојбите и настаните во нашата земја, ЦИВИЛ ја алармира јавноста, а особено работничките и работниците за политичката злоупотреба на работничките права.

Неприфатлива е спрегата во која дел од синдикатите и синдикалните лидери се ставени во функција на политичките амбиции на партиите и нивните лидери.

Работничките права секогаш се загрозени во услови на кризи, како што беше случај со пандемијата, а во овој период и поради руската агресија врз Украина. Кризите не смеат да бидат изговор за намалување на работничките права, туку нивно унапредување, на сметка на дебелите профити на капиталистите.

ЦИВИЛ ги повикува политичките партии, Владата и Собранието да работат на дополнително менување на законите во полза на работничките права и нивно доследно спроведување.

Голем дел од работничките и работниците во Северна Македонија живеат и работат во тешки услови, неретко се без основни средства за заштита при работа, а се чести жртви и на мобинг на работното место. Жените работнички и самохраните мајки се во уште потешка положба.

Препознатлива е политичката волја и реформите во доменот на социјалната правда и работничките права во последните години. Покачувањето на минималната плата и низа други мерки се за поздравување. Политиките и практиките за подобрување на состојбите во доменот на социјалната правда треба да продолжат и да се засилат, без оглед на сѐ. Во таа насока, сите чинители во општеството се повикани на солидарност и соработка, а не на политички опструкции.

Потребно е вклучување на целото општество: охрабрување на жртвите на кршењето на работничките права да го пријават секој случај на кршење на работничките и човековите права. Синдикатите да се реформираат и целосно да се насочат кон вистинска заштита на работничките права. Граѓанското општество и медиумите имаат важна улога во заштитата на човековите, а со тоа и на работничките права.

Работничките права се човекови права!

Среќен 1 Мај!

#internationalworkersday

 

 Следете го ЦИВИЛ  

Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ