• Latest
Жарко Трајаноски

Слободата е најголема жртва на воената и пропагандна агресија

May 3, 2022

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Слободата е најголема жртва на воената и пропагандна агресија

May 3, 2022 11:15
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Само неколку дена по воената инвазија на Руската Федерација врз Украина беше јасно дека има индиции за тешки повреди на меѓународното право. Во меѓувреме, воената инвазија предизвика хуманитарна катастрофа – смрт на илјадници цивили, десетици илјади ранети, и над 5.5 милиони бегалци (бројка од 1-ви мај 2022). Истражувачите на воени злосторства укажуваат на намерна употреба на моќни оружја во цивилни подрачја, на егзекуции на цивили, на бројни наводи за употреба на сексуално насилство, и други видови воени злосторства. Покрај намерните напади врз цивили и домови, има документирано стотици напади врз медицински објекти и лица, врз училишта, напади на културни објекти, принудни иселувања, напади и егзекуции на затвореници, тортура и нехуман третман, напади врз нуклеарни капацитети, но и бројни напади врз новинари и медиумски објекти.

Денеска на 3-ти мај, кога слободата на печатот е во меѓународен фокус, имаме морална обврска да укажеме дека воената агресија на Руската федерација врз Украина е агресија и врз слободата на изразување.

Иако новинарите се заштитени според меѓународното право (освен ако директно не учествуваат во конфликтот, или поттикнуваат воени злосторства, геноцид или акти на насилство), десетици медиумски работници настрадаа во последните неколку месеци во Украина. Познатиот украински фоторепортер и документарист Макс Левин е пронајден мртов со две прострелни рани, носејќи елек “Press”. Дел од неговите фотографии објавени на неговата Фејсбук страница, сведочат токму за нападите врз цивилни објекти и последиците од војната. Руската новинарка Оксана Баулина загина од руски шрапнел снимајќи ги последиците од руското гранатирање во Киев, заедно со уште двајца Украинци. Двајца новинари загинаа, а еден беше ранет, додека известува за руската инвазија во близина на Киев. Еден камерман беше убиен при бомбардирање на ТВ кулата во Киев, што беше осудено од IFJ и EFJ како воено злосторство. Еден американски новинар беше убиен (а други двајца ранети), снимајќи бегалци во близина на Киев. Докторот по социјална антропологија од Кембриџ –  Мантас Кведаривичиус, е пронајден мртов со прострелна рана во стомакот во Мариупол, снимајќи продолжение на својот документарец, посветен на страдањата на жртвите од гранатирањето. УНЕСКО го осуди убивањето на други двајца новинари, чии тела беа пронајдени по напуштањето на руските окупациски трупи. Некои новинари загинаа во своите домови како резултат на гранатирање, а други сеуште се водат како исчезнати или киднапирани. Многубројни се извештаите и за малтретирања, закани, уцени и говор на омраза кон новинари кои известуваат за војната во Украина.

Покрај воената агресија, која се манифестираше во бројни напади на медиумски објекти (ТВ кули и станици), медиумски работници и новинари и фоторепортери кои извршуваа службени задачи, сведоци сме и на пропагандна агресија (и обид за задушување на слободата на изразување и слободата на мирен протест не само во Украина, туку и во Руската федерација). Многу руски новинари се прогонувани или казнети, повеќето руски медиуми се затворени или цензурирани, а илјадници луѓе кои јавно протестираа против војната во Украина беа затворени.

Не само слободата на изразување, туку слободата воопшто, е најголемата жртва на воената и пропагандна агресија. Слободата во Украина е загрозена и ограничена од досегот на окупаторската артилерија и авијација. А жртви на пропагандната агресија можеме да идентификуваме до каде што досегаат Путиновите пропагандни канали, не само на Балканот и во ЕУ, туку и во Азија, Африка, па дури и на територијата на САД.

Борбата за слобода на Украина е борба и за слободата на изразување – борба за слободни медиуми без дезинформации, милитаристичка пропаганда и говор на омраза.


Текстот е напишан по покана од ЦивилМедиа, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ