• Latest
Бранко Тричковски

Нема што да се честита

May 3, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Нема што да се честита

May 3, 2022 13:00
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Медиумите се производители и конзументи на новата стварност. Која се темели на лагата, глупоста, инфантилноста, просташтвото и на отпорот кон пристојноста, културата и науката. Медиумите не се посредувачи на значењата. Какви што беа во златната ера. Односно, повеќе не се медиуми. Медиумите се машина во која се меле цивилизацијата и се произведувааат плескавици за големите и малку помалите центри на моќ, за корпорациите, за владите, за партиите, за финансиските центри, за лудаците со власт, пари и бомби. Медиумите ја открија примамливоста и моќта на човековата глупост и ја стимулираат затоа што им е сугерирано дека оглупавеното човештво не е моќно за отпор, дека му фалат памет, идеи и организација. Тоа е, се разбира, истовремено и опасно затоа што таа оглупавена маса има тенденција да  се шири и згуснува истовремено и да оди кон експлозија. Медиумите никогаш не биле послободно заробени. Тие ја живеат илузијата за слободата. Социјалните мрежи и интернетските порталски, блогерски и други инсталации, се претворени во јаже на кое се беси човештвото. Затоа што го мобилизираат и факторизираат просташтвото и општествениот талог. Во комбинација со непроменетите и, всушност застарени и надминати принципи на демократијата (не демократијата како систем), тоа се претвора во атомска бомба на неразумот.

Во Македонија имаме еден мутант кој секојдневно ја ждере општествената супстанца и смислата на организираниот живот на овие простори и зад себе остава говна. Има многу лоша хигиена на забите и на усната рупетина, сè е тоа полно со лиги, вируси и бактерии, не мора ниту да те гризне за да те умре, а катастрофална му е и дефекацијата, физичките траги од неговото празнење се километарски, а ароматските галактички. Можеме и вака да кажеме: медиуми се боксерски ракавици за идиотите, а идиотите се скотови кои имаат амбиции да управуваат со општото добро. Јавноста е темелно кретенизирана, а новинарите немаат моќ да ја осознаат својата положба во оваа волшебна орбита. И огнена игра. Во смисла на класичните критериуми на професијата тие се тешко оштетени, да не речам оглупавени, а во однос на актуелната функција тие се опасни типови кои многу често немаат поим за опасноста што ја шират и произведуваат.

За нивните школи, факултети и асоцијации, не можам да пронајдам доволно одвратна квалификација.

Како и во светот, така и тука, тематиката, агендата, интонацијата, комплетното мени, им го сервираат други, главо центри кои мислат, ако воопшто мислат, дека песимизмот, хаосот, катастрофизмот, загрозеноста, очајот, нападнатиот идентитет и слични срања, се најубави контексти за контрола на ситуациите и за насочување на процесите.

Знам како тоа може да се промени, односно како можеме да го избегнеме судирот со ѕидот на вистината. За некои радикални промени кои можат да нè спасат не се потребни многу луѓе, пари и идеи. Потребна е, прво, свест за сопствената положба. Тоа е најважно. Потоа малку памет. Со тоа што паметта не е на цена. И не само што не е на цена, туку е протерана. Но, имам впечаток дека може да се присобере. 

Така што за Денот на слободата на медиумите нема што да се честита. 

Макар што знам дека денеска ќе потечат потоците од лигавења.

Веројатно Стево нема да пропушти да додели некој орден и на новинарските архиепископи да им упати честитки со поддршка за нивната одговорна и тешка задача.

Блаблабла!

Слободата е претворена во најголемо ропство, а медиумите, реков понапред, во машина за мелење на месо и за производство на ќебапчиња од човетина.

Им се извинувам на последните остатоци на професионализмот, моралот и пристојноста.

Јас сум радикален во критиката, но не сум дефетист. 

Макар што понекогаш така изгледа. 

Ако имаме некакви шанси тие можат да се испилат само во инкубаторот на радикалната критика.

Не со пристојност.

Во вакви теми пристојноста е медуза која нè заробува со своите пипала (Гомбрович).


Текстот е напишан по покана од ЦИВИЛ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ