• Latest

Ковачевски во Александрyполи: Со стратешки проекти инвестираме во енергетска независност

May 3, 2022

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски во Александрyполи: Со стратешки проекти инвестираме во енергетска независност

May 3, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претмиерот Димитар Ковачевски се обрати на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи, Грција, информираат од владината прес служба.

Премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и со претседателот на Европскиот совет,  Шарл Мишел во своите поздравни обраќања ја потенцираа важноста од овој мега енергетски проект.

На свечената церемонија присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во свое име и во име на Владата и сите граѓани на Република Северна Македонија, упати честитки за почетокот на работите на Терминалот за течен гас во Александруполи и истакна дека ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката. Ова е проект за долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

Заедно со гасната централа за производство на електрична енергија, како втора фаза од овој голем проект, се обезбедува електро-енергетски капацитет со најсовремена технологија за производство и снабдување со електрична енергија, истакна Ковачевски. Тоа значи обезбедување на капацитети во електроенергетскиот систем во регионот за стабилно снабдување со електрична енергија. Северна Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во  Александруполи.

Македонскиот истакна дека се во тек  подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет.

Според ковачевски, со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Северна Македонија.

Како што изјави Ковачевски, обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до намалени трошоци, но и до намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија.

Премиерот истакна дека користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од нашите најважни стратешки интереси. Гасниот терминал во Александруполи е од огромно значење за регионот и од аспект на диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со природен гас со отворањето на овој  дополнителен гасен коридор. Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија.

Поточно, посочи Ковачевски, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји. Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна. Сето тоа ќе влијае и на намалување на цената на гасот како енергенс  за индустриските и енергетски капацитети во нашата држава.
За Ковачевски, терминалот за течен природен гас е од огромно значење и за развојот на енергетскиот сектор во регионот преку енергетската поврзаност на земјите од Централна и Југоисточна Европа и претставува чекор повеќе кон поврзувањето на енергетските системи и понатамошна интеграција на пазарот на енергија во целиот регион.

Реализацијата на овој проект отвора потенцијали за инвестирање во изградба на други енергетски објекти и севкупно да се подобри конкурентноста на регионот, рече Ковачевски. Самиот проект е прогласен за Проект од посебен интерес за Европската Унија за природен гас.

Учеството на Северна Македонија во овој мега проект, ни ја обезбедува привилегијата да станеме партнери во реализацијата на стратешките енергетски интереси на Европската Унија.

Сакам на сите граѓани на Северна Македонија, меѓутоа и на граѓаните на регионот да им испратам порака дека ова се кризни времиња, ние како премиери и претседателот на Србија, тоа што сме сите заедно овде испраќаме порака дека во тешки времиња пријатели и соседи треба да бидат заедно да се помагаат и во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ, со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави, изјави Ковачевски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ