• Latest

Зеленски: Теророт всушност стана единствениот облик на руска акција и против Украина и против Европа

May 29, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Теророт всушност стана единствениот облик на руска акција и против Украина и против Европа

May 29, 2022 09:41
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секојдневно работиме на зајакнување на одбраната. Ова е првенствено набавка на оружје. Секојдневно го доближуваме времето кога нашата армија ќе ги надмине окупаторите, технолошки и по огнена моќ. Се разбира, многу зависи од партнерите. За нивната подготвеност да и обезбедат на Украина сè што е потребно за одбрана на слободата. И очекувам добри вести за ова веќе следната недела, изјави во своето видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот Зеленски, во видео обраќањето на крајот од 94-от ден од војната во Украина, истакна дека ситуацијата е многу комплицирана, особено во оние области во Донбас и регионот Харков, каде што руската армија се обидува да притисне барем некаков резултат за себе.

Клучните области на борба на фронтот, тој ги посочи  Северодонецк, Лисичанск, Бахмут, Попасна и други градови каде што е концентрирана руската офанзива, но, истакна дека одбрана опстојува, иако таму е неописливо тешко, и тој е благодарен на сите кои го издржуваат овој налет на окупаторите.

Секојдневно работиме на зајакнување на одбраната. Ова е првенствено набавка на оружје. Секојдневно го доближуваме времето кога нашата армија ќе ги надмине окупаторите технолошки и по огнена моќ, рече претседателот. Се разбира, многу зависи од партнерите. За нивната подготвеност да и обезбедат на Украина сè што е потребно за одбрана на слободата. И очекувам добри вести за ова веќе следната недела.

Зеленски посочи дека денес, руската армија започна апсолутно бесмислени, отворено варварски напади врз регионот Суми.

Ракети, минофрлачи. И за што? И што дава? изјави Зеленски. Украинците од регионот Суми, како и кој било друг регион на нашата држава, веќе разбраа сè за Русија. И нема да може ништо да додаде со новиот терор. И уште повеќе, нема да може да заплаши.

Тој информира дека , како резултат на руското гранатирање на Миколаев денеска едно лице загина, седум се ранети, двајца во тешка состојба. Гранатините погодиле станбена зона на дваесетина метри од градинката. Тоа се непријателите избрани од Руската Федерација.

Зеленски повторно го потсети светот дека Русија конечно мора да биде официјално призната како терористичка држава, држава спонзор на тероризмот. Ова е едноставно точно. Ова е фер и ја одразува секојдневната реалност што окупаторите ја создадоа во Украина и се желни да ја донесат понатаму во Европа. И ова мора да биде законски пропишано.

Се подготвувам за состанокот на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 30-31 мај. Ќе им се обратам на учесниците на состанокот. Конкретно, ќе зборувам за тоа. За теророт, кој всушност стана единствениот облик на дејствување на руската држава во однос на Европа. Терор на земјата на Украина. Терор на енергетскиот пазар на Европа, не само на нашата земја. Терор на пазарот на храна, на глобално ниво. И каков терор ќе биде следен? запраша Зеленски и додаде. Само заедно – сите Европејци – ќе можеме да ја запреме таквата политика на таква држава.

Зеленски истакна дека восвмоето обраќање пред Европскиот совет ќе посвети соодветно внимание на напредокот во развојот на нашата држава, кој е веќе постигнат и кој може да се постигне во блиска иднина.

Посочи дека и следната недела ќе продолжи да се обраќа пред парламентите на европските земји. Ќе има и многу други меѓународни активности насочени кон зајакнување на нашата држава и зголемување на заедничкиот притисок на целиот слободен свет врз Русија.

Зеленски информира дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон за одбранбена поддршка и снабдување со гориво за Украина, за тоа како можеме да ги одблокираме украинските пристаништа и затоа да спречиме да се развива кризата со храна, а посебно  разговарале и за безбедносните гаранции за Украина и дека треба да се интензивира работата на нив.

СЗеленски сподели информации дека окупаторите се обидуваат да го ограничат заминувањето на нашите луѓе од привремено окупираните области на регионот Керсон. Тие не обезбедуваат никакви хуманитарни коридори. И го затворија индивидуалното заминување на луѓето.

Оние кои се уверени во својата позиција дефинитивно не би донеле такви одлуки. Ова е јасно знак на слабост. Манифестација дека немаат што да им дадат на луѓето. А луѓето не сакаат ништо да им земат. Затоа се обидуваат да ги земат луѓето како заложници, рече Зеленски.

Но, Украина ќе врати се што и припаѓа. Сè. Дефинитивно. И тоа е само прашање на време. И секој ден ова време, времето на ослободување, се намалува. Ние правиме се за ова, категоричен е Зеленски. Вечна благодарност и слава на сите кои ја бранат нашата држава!Вечен спомен на сите чии животи ги одзедоа окупаторите. Слава на Украина!

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ