Секојдневно работиме на зајакнување на одбраната. Ова е првенствено набавка на оружје. Секојдневно го доближуваме времето кога нашата армија ќе ги надмине окупаторите, технолошки и по огнена моќ. Се разбира, многу зависи од партнерите. За нивната подготвеност да и обезбедат на Украина сè што е потребно за одбрана на слободата. И очекувам добри вести за ова веќе следната недела, изјави во своето видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претседателот Зеленски, во видео обраќањето на крајот од 94-от ден од војната во Украина, истакна дека ситуацијата е многу комплицирана, особено во оние области во Донбас и регионот Харков, каде што руската армија се обидува да притисне барем некаков резултат за себе.
Клучните области на борба на фронтот, тој ги посочи Северодонецк, Лисичанск, Бахмут, Попасна и други градови каде што е концентрирана руската офанзива, но, истакна дека одбрана опстојува, иако таму е неописливо тешко, и тој е благодарен на сите кои го издржуваат овој налет на окупаторите.
Секојдневно работиме на зајакнување на одбраната. Ова е првенствено набавка на оружје. Секојдневно го доближуваме времето кога нашата армија ќе ги надмине окупаторите технолошки и по огнена моќ, рече претседателот. Се разбира, многу зависи од партнерите. За нивната подготвеност да и обезбедат на Украина сè што е потребно за одбрана на слободата. И очекувам добри вести за ова веќе следната недела.
Зеленски посочи дека денес, руската армија започна апсолутно бесмислени, отворено варварски напади врз регионот Суми.
Ракети, минофрлачи. И за што? И што дава? изјави Зеленски. Украинците од регионот Суми, како и кој било друг регион на нашата држава, веќе разбраа сè за Русија. И нема да може ништо да додаде со новиот терор. И уште повеќе, нема да може да заплаши.
Тој информира дека , како резултат на руското гранатирање на Миколаев денеска едно лице загина, седум се ранети, двајца во тешка состојба. Гранатините погодиле станбена зона на дваесетина метри од градинката. Тоа се непријателите избрани од Руската Федерација.
Зеленски повторно го потсети светот дека Русија конечно мора да биде официјално призната како терористичка држава, држава спонзор на тероризмот. Ова е едноставно точно. Ова е фер и ја одразува секојдневната реалност што окупаторите ја создадоа во Украина и се желни да ја донесат понатаму во Европа. И ова мора да биде законски пропишано.
Се подготвувам за состанокот на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 30-31 мај. Ќе им се обратам на учесниците на состанокот. Конкретно, ќе зборувам за тоа. За теророт, кој всушност стана единствениот облик на дејствување на руската држава во однос на Европа. Терор на земјата на Украина. Терор на енергетскиот пазар на Европа, не само на нашата земја. Терор на пазарот на храна, на глобално ниво. И каков терор ќе биде следен? запраша Зеленски и додаде. Само заедно – сите Европејци – ќе можеме да ја запреме таквата политика на таква држава.
Зеленски истакна дека восвмоето обраќање пред Европскиот совет ќе посвети соодветно внимание на напредокот во развојот на нашата држава, кој е веќе постигнат и кој може да се постигне во блиска иднина.
Посочи дека и следната недела ќе продолжи да се обраќа пред парламентите на европските земји. Ќе има и многу други меѓународни активности насочени кон зајакнување на нашата држава и зголемување на заедничкиот притисок на целиот слободен свет врз Русија.
Зеленски информира дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон за одбранбена поддршка и снабдување со гориво за Украина, за тоа како можеме да ги одблокираме украинските пристаништа и затоа да спречиме да се развива кризата со храна, а посебно разговарале и за безбедносните гаранции за Украина и дека треба да се интензивира работата на нив.
СЗеленски сподели информации дека окупаторите се обидуваат да го ограничат заминувањето на нашите луѓе од привремено окупираните области на регионот Керсон. Тие не обезбедуваат никакви хуманитарни коридори. И го затворија индивидуалното заминување на луѓето.
Оние кои се уверени во својата позиција дефинитивно не би донеле такви одлуки. Ова е јасно знак на слабост. Манифестација дека немаат што да им дадат на луѓето. А луѓето не сакаат ништо да им земат. Затоа се обидуваат да ги земат луѓето како заложници, рече Зеленски.
Но, Украина ќе врати се што и припаѓа. Сè. Дефинитивно. И тоа е само прашање на време. И секој ден ова време, времето на ослободување, се намалува. Ние правиме се за ова, категоричен е Зеленски. Вечна благодарност и слава на сите кои ја бранат нашата држава!Вечен спомен на сите чии животи ги одзедоа окупаторите. Слава на Украина!
Подготви: Д.Мишев