• Latest
Прес конференција на Андоновски, Буга и Урбанович, „Мош“, 29 мај 2022. Фото: ЦИВИЛ

Бегалците од Украина немаат пристап до здравство, згрижување, образование и работа

May 29, 2022
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Бегалците од Украина немаат пристап до здравство, згрижување, образование и работа

May 29, 2022 22:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Прес конференција на Андоновски, Буга и Урбанович, „Мош“, 29 мај 2022. Фото: ЦИВИЛ

Прес конференција на Андоновски, Буга и Урбанович, „Мош“, 29 мај 2022. Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во МОШ Бар во Скопје денеска се одржa прес-конференција на која беа соопштени резултатите од донаторската акција за собирање помош за украинските бегалци во земјава.

На прес-конференцијата денеска се обратија главниот иницијатор на оваа акција, заменик-народен правобранител Јован Андоновски, заедно со Роман Буга, заменик-амбасадорот на Украина во Скопје и Александар Урбанович, Претседател на здружението на Украинци во Македонија – „Лесја Украинка“.

Заменик народен правобранител, Јован Андоновски

Андоновски ги посочи проблемите со кои се соочуваат украинските бегалци кои престојуваат во замјава, како и потребата преку личен пример да им се помогне на лицата во невоља и кои се буквално дојдени во земјава со само една торба лични работи.

Помошта што се собира е само една капка во морето, бидејќи проблемите на бегалците се далеку посериозни, истакна Андоновски.

„Со статусот што го имаат моментално, украинските бегалци не можат да пристапат до пазарот на трудот, односно, не можат да дојдат до вработување, следствено на тоа, не можат да остваруваат сопствени извори на приходи, а тоа е сериозен проблем затоа ѓто многумина од нив немаат средства за живот,“ изјави Андоновски.

Според Андоновски, државата треба да преземе конкретни мерки , бидејќи никој не знае колку ќе трае оваа состојба. Тој како пример наведе дека само во соседна Бугарија има неколку десетици илјади бегалци од Украина кои беа згрижени во хотелите на Црноморието. Од нив е побарано на 1 јуни да го напуштат сместувањето, бидејќи им почнува туристичката сезона. Можно е тие бегалци да дојдат во нашата земја.

Како уште еден проблем, Андоновски го посочи тоа што децата не можат да бидат примени во градинка или училиште, со што им се скратуваат основните права, како што е правото на образование, згрижување и едукација.

Исто така, бегалците од Украина, без разлика дали се деца или возрасни, не е решен ни пристапот до здравствена заштита, и покрај ветувањето од тред повеќе од два месеци месеци дека ова прашање ќе биде решено.

„Има и мали деца, има и возрасни луѓе, и за нив не е решен уште еден проблем, а тоа е пристапот до здравствена зашита. Што е сериозен проблем поради тоа што меѓу двете држави не постои билатерален договор за регулирање на тоа прашање. Доколку имаат потреба, тие се приморани сега да платат за услугата, а голем дел од овие лица немаат ниту базични средства за живот. Државата да ја покаже својата големина и хуманост, без разлика колкав е бројот на овие лица. Проблемот не мора да се реши со билатерален договор, туку може да се реши и со одлука на извршната власт,“ изјави Андоновски.

Андоновски посочи дека Амбасадата го има покренато ова прашање уште пред неколку месеци.

„Колку што знам јас, било ветено дека истото ќе биде направено. Поминаа 2-3 месеци и нема никаков исход,“ изјави Андоновски.

На пресот се обратија и Роман Буга, заменик-амбасадорот на Украина во Скопје како и Александар Урбанович, Претседател на здружението на Украинци во Македонија – „Лесја Украинка“, кои се заблагодарија на организаторите на оваа акција, како и на поддршката која Украина ја добива од нашата земја во ова тешко време, кога поради војната, надвор од границите на Украина престојуваат повеќе од 4 милиони Украинци.

Заменик амбасадор на Украина, Роман Буга

„Многу сме среќни што луѓето од вашата земја даваат силна поддршка на нашата земја, на нашите Украинци, во ова тешко време во кое веќе четврти месец во Украина владее страшна војна. Многу луѓе ги напуштија своите домови, својата земја, за сите нив е потребна голема поддршка, како материјална, така и морална. Сите видови на поддршка се добредојдени. Затоа сме ви благодарни на сите. Велите дека сте мала земја, но ние секојпат одговараме дека имате големи срца и токму оваа ситуација покажува дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња,“ рече Буга и уште еднаш се заблагодари за огромната поддршка.

Д. Мишев, Џ. Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ