• Latest

Ковачевски на СЕФФ 2022: Носиме мерки за одржување на економскиот раст и во услови на најголема криза

May 30, 2022

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски на СЕФФ 2022: Носиме мерки за одржување на економскиот раст и во услови на најголема криза

May 30, 2022 14:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во воведното обраќање при отворањето на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум“ СЕФФ2022, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“, ги истакна приоритети на Владата за справување со предизвиците во услови на најголемата глобална енергетска криза, мерките за ублажување на ценовниот раст и за задржување на ликвидноста на компаниите, информираат од владината прес служба.

Дополнително, премиерот Ковачевски се осврна и на плановите на Владата за стабилност на економијата и плановите кои се прават на среден и долг рок за економски развој.

Во воведното обраќање, Премиерот се заблагодари на Министерството за Финансии, на Министерот, на целиот тим што по втор пат го организира Скопје-економскиот и финансиски форум којшто навистина сега е и во поголем број и во подобри услови бидејќи немаме просторни ограничувања од вирусот, со оглед на тоа дека во моментов нема мерки.

Исто така, Ковачевски истакна дека успеале да го остварат планираното за оваа година, со оглед на тоа што според сите мислења највлијателниот економист во светот во моментов Пол Кругман е тука, навистина дава дополнителна тежина на овој економски-финансиски форум.

Ковачевски нагласи дека му претставува чест и привилегија да ја отвори втората годишна меѓународна конференција на „Скопскиот економски и финансиски форум“, кој, само една година откако е инициран, Форумот се издигна на степен на најважен настан од сферата на економијата и финансиите.

Како платформа за дискусија на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницираше Министерството за финансии, „Скопскиот економски и финансиски форум“ оваа година на едно место собра дел од најугледните и најрепрезентативните претставници на домашните економски и финансиски чинители, на меѓународните финансиски институции, на највлијателните институции на светот, на ЕУ и од регионот, како и претставници на највисоките академски и научни институции од земјава и светот.

Тој на присутните им посака срдечно добредојде и успех во работата на Форумот, кој оваа година е збогатен и со учеството на професор Пол Кругман, добитник на Нобеловата награда за економија во 2008 година. Со тоа, „Скопскиот економски и финансиски форум“ поставува високи стандарди и прераснува во препознатлив настан во земјава и пошироко.

Премиерот изрази убедување дека секој од гостите ќе даде значаен придонес во однос на темата на годинешниот форум „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. и верува дека ќе произлезат сериозни препораки во однос на макроекономските предизвици во наредниот период и креирањето на фискалната и монетарната политика. Дополнително и насоки кон фокусирање на политиките за градење на одржлива, отпорна и конкурентна економија преку структурни реформи, како и во однос на справувањето со енергетската криза и ориентираност кон зелена транзиција, дигитализација, зајакнување на човечкиот капитал, одржлив и иновативен финансиски систем.

За нас, за Владата и Министерството за финансии ќе биде од исклучително значење да ги слушнеме вашите мислења, анализи, укажувања и препораки, но и чекор понатаму, да ги примениме во процесите на креирање на идните политики во овие турбулентни времиња, рече Ковачевски.
Навистина ми е чест но и голема одговорност, да ја предводам Владата на Република Северна Македонија во услови на најголема глобална криза во поновата историја.

Ковачевски потсети дека во еден неизвесен амбиент, Владата најодговорно се справува со огромните економски и енергетски предизвици, како и последиците  од воената агресија врз Украина.

Тој нагласи дека Владата носи тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки за да ги заштити граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи, како и ликвидноста на компаниите.

Во своето браќање,  Премиерот се осврна на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски раст.

Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на најранливите категории на граѓани, како и задржување на ликвидноста на компаниите, рече Ковачевски.

Вториот се однесува на одржливиот економски раст, односно долгорочната поддршка за раст на производството и зголемување на инклузивноста, продолжи Коваќевски.

Третиот се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните и директните странски инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок, дополни Премиерот.

Согласно овие приоритети, Ковачевски кажа дека деновиве го димензионирале и ребалансот на Буџетот за 2022 година, кој соодветствува на макроекономските предизвици во време на неизвесност.

Според Ковачевски, како соодветна реакција на новите геополитички случувања и нивниот ефект врз глобалната и домашната економија подготвен е навремен и одмерен одговор за најважните прашања, прилагодени на проекциите на новиот макроекономски контекст.

Дефинирани се поповолни извори за финансирање  за одговор на кризата, истовремено внимавајќи на зачувување на фискалната одржливост. Гарантирана е редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и намирување на другите потреби на граѓаните, како и сервисирање на обврските на државата. Ребалансот на буџетот демонстрира одговорност кон граѓаните, одговорност кон стопанството, истовремено запазувајќи ја потребата од финансиска консолидација и одржливост на економијата преку предвидување на структурни реформи, истакна Ковачевски.

За Ковачевски, овој пристап, на краток рок, овозможува спроведување на нашите приоритети како што се заштитата на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и создавање поповолни услови за остварување на идните стапки на економски раст на краток рок.

Според неговите зборови, на среден рок, во комбинација со меѓународно признатите ефекти од антикризните мерки за справување со енергетската и ценовната криза и фискална консолидација, поттикнување на економска активност преку капиталните расходи и инфраструктурни инвестиции, подобрување на бизнис окружувањето и креирањето на нови работни места, создаваме основа за забрзување на економскиот раст, и иако неизвесно,  очекувано е постепено стабилизирање на глобалните синџири на снабдување и поповолен амбиент за инвестирање.

Дел од резултатите што се очекуваат на среден рок се зајакнување на конкурентноста, регионалната соработка за енергетска стабилност и независност, за зелена транзиција и инфраструктура, дигитализацијата, вложувањето во човечкиот капитал и зголемувањето на продуктивноста, како двигатели за одржлив раст после кризата.

Стапката  на инфлацијата е проектирана на  7,2% на годишно ниво, повторно во контекст на очекувањата за  инфлациските движења во еврозоната и калкулирајќи го ефектот на нивното прелевање кај нас.
Согласно очекувањата на меѓународните финансиски институции за втората половина годинава, предвидуваме стабилизирање на цените и навистина би сакал да слушнам коментари и во делот на очекувањата за инфлаторните движења во глобални рамки и од професорот Кругман, изјави Премиерот.

Оттаму, со стабилизирање на ценовните притисоци, со нормализирање на синџирите на добавување, но и со спроведување на Владиниот план за заздравување и забрзување на растот, прогнозите се дека економскиот раст кај нас на среден рок ќе забрза.

Економскиот раст за годинава е проектиран на 3,2%, што е намалување за 1,4 п.п. во однос на макроекономските проекции на буџетот за 2022. Овие проекции соодветствуваат со најновата проекција на Меѓународниот монетарен фонд за земјава. Се очекува побарувачката да биде главен двигател на растот, при што приватната потрошувачка се проектира со раст од 3,3%. Во 2023 година проектираме  раст од 4,5%, во 2024 од 5,7%, 2025 од 5,9%, 2026 од 5,7% и во 2027 година раст од 5,5%.

Удел во вкупниот предвиден економски раст се очекува и од растот на нето-платата која е проектирана со раст од 11%. Со тоа, дури и во овие услови, го обезбедуваме растот на просечната нето плата, која согласно статистика достигна 500 евра. Ова се должи и на растот на минималната плата, на предвиденото покачување на платите во образованието и во други сектори, како и од некои повисоко доходовни сектори, како што се информатичко-компјутерскиот и телекомуникациски сектор.

Стапката на невработеност се очекува да продолжи да се намалува, со проекција од 14,5% за годинава, додека на среден рок очекувањата се истата да се сведе на 8,2% во 2027 година, кога се очекува и пораст на стапката на вработеност на 54,7%. И во моментот невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2 проценти.

Ковачевски ги издвои владините политиките во однос на капиталните инвестиции и во однос на директните странски инвестиции.

– Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари или за околу 6 милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година. Ќе нагласам, капиталните инвестиции за оваа година остануваат на рекордно ниво и истите се за 8,8 милијарди денари или 37,8% повисоки во однос на минатата година односно за 16,1 милијарда денари или двапати повисоки во однос на 2020 година.

– Механизмот КАПЕФ којшто го воведовме функционира, се следи будно реализацијата и онаму каде има послаба динамика на реализација се одземаат средствата и се пренасочуваат во институции кои имаат повисока реализација на капитални инвестиции.

– Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура, во Коридорите 8 и 10 Д.

– Во делот на железничката инфраструктура, планирано е финансирањето на трите фази од изградбата и рехабилитацијата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, поточно делот кон Бугарија, како и обезбедување финансирање на Проектот за изградба на железничка пруга Кичево – граница со Албанија.

– Во областа на гасификацијата, предвидена е изградба на магистралните гасоводи, како и изградба на интерконективни гасоводи меѓу Република Северна Македонија со Република Грција, со Република Србија и со Република Косово.

– Планирани се и голем број други капитални проекти во делот на образованието и детската грижа, здравството, заштитата на животната средина и управувањето со отпад.

Листата е долга, агендата амбициозна и за нејзина реализација е планирана сума од над половина милијарда евра за капитални инвестиции, објави Ковачевски.
Од друга страна, одржувањето контакти со странските инвеститори во овие времиња е од клучно значење. Пандемијата ги покажа слабостите и видовме дека Европа се соочи со големи предизвици кога ланците на снабдување се во далечни земји. Во Европа може да се произведуваат многу работи, а тоа значи и заштеда на трошоците. Северна Македонија тоа ќе го искористи и затоа правиме амбиент за нови инвестиции. Ние сме членка на НАТО, нашата позиција е и членство во Европската Унија, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбиент, впрочем тоа е нашата предност и во однос на некои од земјите од регионот.
Ковачевски посочи дека зазајакнување на конкурентноста за привлекување инвеститори, нашите напори се насочени кон одржување на што поповолно деловно опкружување.
Денес, тоа не се само конкурентните плати. Напротив, почнавме и продолжуваме да се фокусираме на подобрување на инфраструктурата, на доброто владеење и особено на човечкиот капитал и тоа преку модернизација на образовниот систем, рече Ковачевски. Нашиот пристап во привлекувањето инвестиции е изменет и сега е насочен кон инвестиции и инвеститори што носат поголема додадена вредност.
Како такви треба да се гледаат големите стратешки инвестиции како што се ветерниот парк на германската компанија „ВПД“, како и изградбата на голема соларна централа во штипско на француската „Акуо“ како наша определба на нашата стратешка енергетска транзиција кон капацитети со обновливи извори на енергија.

Во постојното опкружување, во кое енергетската криза го попречува растот, зголемувањето на инвестициите во обновливи извори на енергија е нашиот врвен приоритет.

Заедно со започнатите структурни реформи, создаваме можности за продолжување на соработката не само со сегашните туку и со потенцијалните странски инвеститори.

Исправноста на овој пристап веќе ги дава резултатите преку постигнатите договори за нови инвестиции.

Во последните 18 месеци се зголеми бројот на потенцијални инвеститори кои пристапуваат до Дирекцијата за ТИРЗ. Од иста важност е и проширување на капацитетите од страна на постојните инвеститори.

Инвеститорите и потенцијалните и постоечките го препознаваат новиот концепт на работење на ТИРЗ воведен на почетокот од 2021. Само од постојните компании во ТИРЗ, 10 отворија дополнителни капацитети или се во фаза на проширување на инвестициите. Со новите инвеститори со кои преговорите се во завршна фаза се работи за инвестиции од над половина милијарда евра, а тие доаѓаат од секторите фармација, енергетика, електроника и услуги.

Согласно податоците на Народната Банка, регистриран е нагорен тренд на странските директни инвестиции во земјата и тоа минатата година остварени се директни инвестиции од над половина милијарда евра, поточно од 512 милиона евра, за разлика од 2020 година во екот на пандемија, кога се остварени 201 милиони евра.
Ковачевски, во завршницата на своето обраќање  го насочи внимание на учесниците и на геополитичкиот контекст во кој Република Северна Македонија се справува со актуелната безбедносна, економска, финансиска и енергетска ситуација.
Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добро-соседски односи, неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните, потенцира Ковачевски. Нашата земја, ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавја за членство во ЕУ што е безусловно потврдено од Европската Комисија, како и од огромното мнозинство на земјите членки на ЕУ, НАТО членството значи сигурност и безбедност, но отвори и можности за економски развој. Истото го очекуваме и од почетокот на пристапниот процес за нашата земја за членство во ЕУ.

Премиерот посочи дека војната во Украина на најтрагичен начин покажа дека прашањето на европското проширување станува сериозно безбедносно прашање за регионот и за самата ЕУ.
Европската Унија е наш главен трговски партнер и повеќето странски директни инвестиции доаѓаат од Европа и Северно американскиот континент, истакна Ковачевски. Во овој контекст интеграцијата на Република Северна Македонија и целиот Западен Балкан е од примарен политичко безбедносен и геостратешки интерес за регионот и за ЕУ.

Ковачевски на крајот од обраќањето истакна дека ЕУ интеграцијата на Западен Балкан е заемно корисен процес. Северна Македонија ја зајакнува  регионалната соработка со земјите од Западен Балкан, за слободен проток на капитал, луѓе, стоки, услуги за подобрување на  конкурентноста, нови инвестиции, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Сето тоа значи подобар стандард и квалитет на живот. Нашата цел е економски силен и стабилен регион, развиен Западен Балкан интегриран во ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ