• Latest

Голем пожар во Тетово, Пендаровски вели дека нема потреба од предвремени избори, продолжува геноцидот врз Украинците

May 30, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Голем пожар во Тетово, Пендаровски вели дека нема потреба од предвремени избори, продолжува геноцидот врз Украинците

May 30, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Голем пожар во Тетово

Утрово се запали индустриски објект во Тетово на излезот од градот во складот на фабриката за градежни материјали на фирмата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во гаснењето учествуваа и полициски хеликоптери.

Десетина лица побарале лекарска помош поради задушување и тешкотии од вдишан чад, а меѓу повредените и оние кои побарале лекарска помош има граѓани и пожарникари. Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и од скопската противпожарна единица бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

Општина Тетово денеска донесе одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден како последица од пожарот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Може да има предвремени избори, ама што ќе се реши со тоа?

Претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг изјави дека предвремени избори може секогаш да има и дека тоа е легитимно барање, но се поставува прашањето тоа ќе се реши со еден таков потег.

„Јас мислам дека предвремени избори нема да решат ништо. Ниту ќе се реши проблемот со бугарското вето, ниту ќе се постигне договор, ниту ќе се решат економските проблеми од кои добар дел се увезени со украинската воена криза. Мене ме интересира што нова политичка структура на власт би донела за граѓаните и државата“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

На 96 ден од војната во Украина,  руските агресори  не престануваат со офанзивни операции во источната оперативна област, украинската армија ги одбива нападите.

Како дел од логистичката поддршка и надополнувањето на настраданите единици со жртви, руската војска распореди повеќе од 250 единици на оружје и воен хардвер за привремено окупираните населби. Со цел да се зголеми ефикасноста на распоредувањето од војници и хардвер, непријателот го обновил железничкиот мост во близина на градот Купјанск (Регионот Харков).

Во правец на Доњецк, единиците на агресорот се фокусираат на офанзивни операции за да ги опколат нашите трупи во областите Лисичанск и Северодонецк (регионот Луганск) и да ги блокираат главните логистички правци.

Насилното пренесување на Украинците од привремено окупираните територии од страна на руските напаѓачи е геноцид, се наведува во меѓународниот правен извештај „Независна правна анализа на прекршувањата на Руската Федерација на Конвенцијата за геноцид во Украина и должноста за спречување“, пренесува Укринформ.

Русија објави дека над 1 милион луѓе, вклучително и повеќе од 180.000 деца, биле преместени од Украина во Русија од почетокот на целосната инвазија, се вели во документот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ФОРУМ Започна Скопскиот економски и финансиски форум, главен говорник нобеловецот Пол Кругман.

ФИСКАЛНА ОДРЖЛИВОСТ Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме, владите мора да имаат одговор за фискална одржливост и да ги заштитат најранливите од влијанијата, порача од Скопскиот економски и финансиски форум потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Ана Бјерде.

ЗАЛОЖБИ Премиерот Димитар Ковачевски во воведното обраќање при отворањето на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум“ СЕФФ2022, ги истакна приоритети на Владата за справување со предизвиците во услови на најголемата глобална енергетска криза, мерките за ублажување на ценовниот раст и за задржување на ликвидноста на компаниите, информираат од владината прес служба.

ЕМБАРГО Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ од утрово повторно интензивно се обидуваа да ги приближат ставовите околу нафтено ембарго на ЕУ врз Русија, според последните информации постигнат е мал напредок.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

АНКЕТА

Граѓан(к)ите на Штип не им веруваат на медиумите и политичарите, бидејќи според нив, постојано шират лажни вести, пропаганда и дезинформации.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Геостратешките промени на Стариот континент започнале со аншлусот (присоединувањето) на Австрија со Германија во 1938 година и создавањето на Голема Германија, кое минало молкум кај меѓународната заедница. Но апетитите на Хитлер оделе понатаму и тој ја предизвика Судетската криза, меѓународен конфликт заради барањето на Хитлер по секоја цена да анектира област од делот на Чехословачка во кој живеело германско малцинство. Трите милиони Германци требало, велел тој, да бидат „вратени во германскиот Рајх“.

Чуму ваков вовед за темата „присоединување“ во Европа. Па, заради неодамнешниот говор на американскиот дипломат Хенри Кисинџер на Форумот во Давос.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Планот на Кисинџер и сенката на Невил Чемберлен“.

„Експанзионистичката и империјалистичка политика на Путин и Русија денес во многу работи наликува на политиката на Сталин и СССР по Втората светска војна. Да потсетиме, под диктат на Сталин и Советскиот сојуз, Информбирото ја донесе својата фамозна Резолуција против Југославија во 1948-та година во Букурешт. И називот на резолуцијата беше дел од Сталиновата пропаганда против Тито: „Југословенската комунистичка партија во рацете на шпиони и убијци“. КПЈ беше осудена и изолирана поради одбивањето да биде послушна на диктатите на СССР, а Тито беше пропагандно оцрнуван како „нацист“, „шпион“, „убиец“ и платеник на Западот.“, прочитајте во анализата „Тито му кажа „НЕ“ на Сталин, Македонија му кажува „НЕ“ на Путин!“

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ