• Latest

Грковска: Транспарентноста и слободата на медиумите ја зголемија осетливоста на граѓаните против корупцијата и тоа е здраво за општеството

June 4, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Грковска: Транспарентноста и слободата на медиумите ја зголемија осетливоста на граѓаните против корупцијата и тоа е здраво за општеството

June 4, 2022 13:19
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter
„Борбата против корупцијата не е прашање на еден човек, не е прашање на една институција, туку е прашање на храбри луѓе коишто се спремни да ја пријават корупцијата, но и прашање на институции кои се спремни професионално да ја завршат работата. Тоа е ланец на институции, Финансиска полиција, МВР, Обвинителство, Судство. Ако во целиот тој ланец една институција потклекне тогаш борбата против корупцијата е неефикасна“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во денешното гостување на Канал 77.

Таа додаде дека забележаниот напредок во Индексот на корупција на нашата држава за 24 места е резултат на мерките што Владата ги презема. За разлика од порано денеска не се молчи и за случаи во кои се вмешани и актуелни функционери, а можноста граѓаните послободно да зборуваат за ваквите прашања влијае на таквиот впечаток.
„Поголемата транспарентност што владата на СДСМ ја воведе како пракса, поголемата слобода на медиумите влијае на оваа перцепција. Креирањето на таква атмосфера ја зголеми осетливоста на граѓаните према корупција. Дополнително, од еден затворен систем што го имавме претходно, ние денеска имаме признанија за вина во судски случаи од целата гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ. Функционери на претходната власт признаа вина за незаконско работење и за фалсификување на избори и прашање е како го одржувале тој систем затворен сите години наназад“, додаде Грковска.
Таа информираше дека во Владата има отворена линија на која граѓаните може да пријават пропусти, проблеми, сомнежи за корупција и секое однесување за кое граѓаните сметаат дека е спротивно на позитивните законски прописи.
„Таа линија е активна, граѓаните секој проблем може да го пријават и врз основа на тоа ние го проследуваме тоа до надлежните институции и бараме да постапат. За тоа до Владата доставуваме извештај на Владата на секои три месеци“, нагласи вицепремиерката Грковска.
Таа додаде дека и во нејзиниот Кабинет во писмена форма стигнуваат пријави и за сите оние за кои ќе се оцени дека има сериозни укажувања или дека постои можност да има прекршување на одредени законски решенија се доставуваат до институциите.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ