ВЕСТ НА ДЕНОТ
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата на Србија откако соседните земји го затворија воздушниот простор за неговиот владин авион, објави Ројтерс. Бугарија. Северна Македонија и Црна Гора одбија да дозволат минување на руските владини авиони на релација Москва-Белград преку нивниот воздушен простор.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати порака на Телеграм, каде што објави и серија фотографии.

ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руската Федерална служба за безбедност во своите документи признава дека пропагандата на Кремљ нема доволно влијание врз населението и ја губи информациската војна, објави Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Од Центарот велат дека руските специјални служби развиле акционен план за правилно „зомбизирање“ на населението на окупираните територии, што на крајот не успеа.
Вооружените сили на Украина се држат додека руските напаѓачи го напаѓаат градот Сиевиеродонецк во областа Луганск, изјави Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во објава на Телеграм.
„Русите го напаѓаат Сиевиродонецк… Таму траат улични борби. Сепак, украинските вооружени сили ја држат одбраната. Шефот на државата, кој ноќе ги посети нашите напредни позиции во регионот Луганск, беше убеден во тоа“, напиша тој.
Украинските сили ги продолжуваат локалните контранапади против руските сили, пишува Институтот за војна (ISW) во својата дневна анализа објавена доцна синоќа. Меѓу другото, со изненадувачки контранапад во изминатите неколку дена ослободени се големи делови од Северодоњецк, градот што минатата недела беше пред целосен колапс.
ФЛЕШ ВЕСТИ
РАСПРАВА Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието. Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа да се расправа за предлогот. Минов констатира дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата.
ПОТПИШУВАЊЕ Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, информираат од Владата.
ЗАБРАНА Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти денеска МНР во врска со одлуката да не се дозволи прелет преку нашиот воздушен простор на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше да отпатува во посета на Србија.
МЕДИУМИ Кај три вербални напади врз новинарки во 2021 година, заканите доаѓаат од политички фигури. Тоа говори многу за ниската култура за јавна комуникација на релацијата носител на јавна функција – новинар, но говори и за тоа дека носителите на јавни функции лесно се охрабруваат да упатуваат закани кон новинарките.
ЕКОНОМИЈА Откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален, Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Toj останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти.
ЗЕЛЕНИ
Петрова: Во моментот во Северна Македонија нема национален склад за радиоактивен отпад
Петрова се обрати на Втората конференција на Асоцијацијата: Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан”- Куманово, која беше посветена на пост-Ковид состојбата на глобалната и регионалната безбедност, состојби, перспективи и предизвици. Конференцијата ја отвори Бранислав Јовчевски, претседател на Асоцијацијата.
ДИСТРИКТ
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ѓорѓи Лазаревски – првиот македонски „свиркач“, првиот укажувач, човекот кој на сметка на своето спокојство се жртвуваше за доброто на сите и чија совест урна режим. Тој зборува за своите премрежија во времето кога ги обелодени нелегалните активности во УБК со масовните телефонски прислушувања во институцијата која, наместо да ги штити, ги компромитираше своите граѓани.
Д.Мишев












