• Latest

Ковачевски на Отворен Балкан: Нè поврзува заедничка визија за напреден и безбеден регион

June 8, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски на Отворен Балкан: Нè поврзува заедничка визија за напреден и безбеден регион

June 8, 2022 11:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Со обраќања на лидерите на отворањето на самитот на  Отворен Балкан во Охрид започна официјалниот и работен дел  на состанокот на оваа регионална иницијатива.

Со поздравни говори и со желби за успешна работа, пред учесниците и гостите на самитот се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски,  претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија, како и премиерот на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија,  претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина.

Работата на самитот на Отворен Балкан ја поздравија и комесарот за европска соседска политика и преговори за  проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД, специјален пратеник за Западен Балкан, кој се обрати преку видео конференциска врска.

Самит „Отворн Балкан“, Охрид, 8 јуни 2022 година фото: Драган Мишев

Во своето обраќање на отворањето на Самитот на Отворен Балкан, премиерот Ковачевски поздравувајќи ги присутните, ги истакна придобивките од регионалното поврзување и соработка.

„Добредојдовте во Северна Македонија, една од државите носители и промотори на иницијативата Отворен Балкан.

Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Иницијативата Отворен Балкан е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот.

Отворен Балкан веќе ги дава првите резултати за граѓаните и за стопанствениците. Зелената лента за транспортни возила на граничните премини Ќафасан и Табановце овозможува значително побрз проток на камионите кои превезуваат  земјоделски производи или храна. Внимателно следиме како се одвива протокот, дали и каде им застој. Нашите институции се во постојана комуникација со крајна цел на овие зелени ленти целосно да ги отстраниме меѓуграничните рампи и бариери. Знам дека чекањето на камионите е намалено, но знам дека можеме уште подобро и за тоа се залагаме заедно, преку намалување на контролите и бирократијата и преку зголемување на довербата меѓу институциите на трите држави.

Бенефитите од Отворен Балкан и меѓусебното помагање меѓу државите и народи ние го осетивме уште летоска. Како резултат на Договорот за заедничко дејствување за време на природни и други катастрофи, соседите на Северна Македонија ѝ помогнаа во интервенција на пожарите кои ја зафатија нашата земја минатото лето.

Цела Европа, и ние земјите од регионот, се соочуваме со сериозни последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза. Во вакви услови ние сме си природно упатени едни на други. Конечно, ние се разбираме, се помагаме едни со други и најважно, после долго време, имаме заедничка цел: Заедно да одиме напред!

Сега уште појасни и поаргументирани се придобивките од слободниот проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Ние сме тука пред се заради подобрување на  конкурентноста, нови инвестиции, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Ние сме тука заради подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан.

Самит „Отворен Балкан“, Охрид, 8 јуни 2022 година фото: Драган Мишев

Отворен Балкан, како ново, амбициозно и динамично регионално поврзување доби силна и едногласна поддршка од деловните заедници на сите земји од Западен Балкан. Тие се согласија дека Отворен Балкан е платформата која му е потребна на регионот. Им благодарам на стопанските комори што се нашиот ветер во грб, наш партнер и мотиватор, што многу добро знаат да пофалат кога добро работиме, но и да најдат соодветен начин на критика за да се подобруваме онаму кајшто можеби сме забавиле.

Овој самит не носи уште понапред во нашата соработка. Во нашиот фокус се соработките, меѓусебните размени, отстранувањето на бариерите, доближувањето на нашите народи.

Одиме понатаму со крупни чекори. Денеска ќе потпишеме нови договори и меморандуми за соработка.

Со взаемното признавање на дипломи и научни звања издадени во високообразовните и другите овластени институции во трите земји, ќе ја забрзаме постапката за создавање единствен заеднички пазар на трудот. Недостатоците од работна сила најпрво ќе си ги надополнуваме меѓусебно, што е причина повеќе младите да ни бидат тука, да не ни бегаат по светот.

Премиерот на РСМ Димитар Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, 8 јуни 2022 година фото: Драган Мишев

Денес отвораме и ново поглавје во нашата соработка во областа туризам. Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација.

Имаме на светот да му ги понудиме дел од најубавите мориња на Медитеранот благодарение на богатството на Албанија. Планините и прочуениот селски туризам на Србија. Македонските езерски пејзажи и убавите зелени планини.

Овие убавини ќе му ги понудиме на светот, но пред се ќе овозможиме нашите граѓани да ги уживаат преку најповолни услови.

Денес лансираме нова соработка и во областа култура. Се договоривме за креирање Заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе ја поттикне културната размена. Очекувам да го зголемиме бројот на фестивалски настани во регионот, што ќе значи повеќе содржина за нашите граѓани и поголема атрактивност на регионот. Очекувам еден ЕГЗИТ да го видиме во Северна Македонија и во Албанија. Очекувам седум-осминскиот македонски такт да се слуша се почесто и во Белград и во Тирана. Очекуваме што е можно повеќе Срби и Македонци да ја посетат Тирана, европската младинска престолнина за 2022 година.

На овој Самит ќе се потпише и Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот со што создаваме нова можност за полесно прекугранично движење на луѓе, стоки или услуги.

Ова е европеизацијата за која зборуваме. Ова се конкретни чекори кон етаблирање на вредностите и практиките во Европската Унија.

Остваруваме нешто што е вообичаена и нормална пракса во ЕУ врз основа на заеднички договори на нејзините земји членки.

Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме.

Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме.

Драгоценото време треба да го користиме поефикасно. Војната која се случува во Украина, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот. Затоа сите мораме да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Ние сме тие што мораме да ја пополниме таа празнина и затоа постои Отворен Балкан што е наша, автохтона, органска иницијатива создадена од нашите институции, сериозно поддржана од сите народи и етникуми кои живеат во нашите држави.

Ние денес, од тука, од Отворен Балкан испраќаме јасна порака:

Од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално одговорно да прифатат дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили.

Нашата визија за Балканот во 21 век е визија за напреден регион интегриран во Европа каде мирот, стабилноста и развојот веќе никој не ги доведува во прашање. Ние дејствуваме прагматично и економски и со тоа ќе создадеме услови за големи инвестиции во нашиот регион, а тоа ќе значи повеќе работа и подобро платена работа за нашите млади. и нашите граѓани. Бараме ЕУ да го поддржи овој наш напор и да го препознае како инспирација за решавање на сопствените проблеми.

Сите ние во Отворен Балкан сме уверени дека оваа иницијатива ќе станува сѐ поатрактивна.

Денеска заедно со нас се и премиерот на Црна Гора Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Тегелтија. Поканата за премиерот на Косово, останува отворена. Јас сум убеден дека бенефитите од Отворен Балкан ги заслужуваат и дека ќе ги добијат и граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово и верувам дека овој самит ќе донесе позитивен пресврт кога е во прашање проширувањето на Отворен Балкан.

Отворен Балкан е за интеграција. За отворени можности. За слобода. Отворен Балкан е за олеснување, помагање, пријателство. Драги пријатели и пријателки од Црна Гора, БиХ и Косово, другари и другарки, браќа и сестри – приклучете ни се, заедно можеме повеќе, за нас и нашите деца.

Нека ни е со успех, да растеме заедно со успесите и со придобивките за нашите граѓани, порача Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ