Евакуацијата од централата Азот во градот Северодонецк, регионот Луганск, во моментов е невозможна, објави на Телеграм Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, пренесува Укринформ.
„Сега е физички невозможно да се излезе од фабриката и едноставно е опасно да се направи тоа поради непрекинато гранатирање и борби“, рече Хаидаи.
Според него, во прифатните центри се 568 лица, меѓу кои 38 деца.
„Минатиот месец, кога предложивме [евакуација], овие луѓе одбија да се евакуираат. Излезот од централата е возможен само кога ќе се постигне целосен прекин на огнот“, рече Хаидаи.
Тој додаде дека Северодонецк не е блокиран и дека има комуникација со градот.
Укринформ претходно објави дека речиси сите згради на фабриката Азот се уништени.
Подготви: Д.Мишев