• Latest

Македонија: Преглед на настани (04 јули 2016)

July 5, 2016

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (04 јули 2016)

July 5, 2016 10:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (04 јули 2016 година): Ректорската управа ги оцени изборите на СПУКМ за скандалозни || Шарената револуција и пркоси на државата ||  СДСМ нема да отстапи од барањата за фер избори || ЗНМ: Владините кампањи немаат врска со јавниот интерес ||  Протест во Куманово за правда за Алмир || Хан ја истакна важноста на владеењето на правото 

хв

Ректорската управа ги оцени изборите на СПУКМ за скандалозни

13570161_1278105448884302_2026751787_o

Ректорската управа на УКИМ на денешната вонредна седница ги оцени за скандалозни, изборите за студентски лидер. Во присуство на претставници од Студентскиот пленум, донесена е одлука да се формира комисија којашто ќе ги разгледа сите факти и докази поврзани со изборите. На расправата во Ректоратот дел од деканите на факултетите побараа да се поништат изборите, зашто се одржуваат две години подоцна. Студентскиот пленум незадоволен од ваквата одлука, бара итна измена на Статутот на УКИМ.

Шарената револуција и пркоси на државата

DSC_0538

Еден од највлијателните блогови во светот, „Боинг Боинг“, објави напис за Шарената револуција, потпишан од Кори Доктороу, светски познат писател на научна фантастика и активист. Под наслов „Македонските шарени револуционери ѝ пркосат на државата со боење на владините згради и споменици“, Доктороу пишува дека македонската полиција е позната по растурањето на протестите, па припадниците на Шарената револуција, покрај барањата за крај на корупцијата, повикуваат и на сопирање на полициската бруталност кон демонстрантите и тоа го нагласуваат со фрлање боја врз владините згради и споменици.

СДСМ нема да отстапи од барањата за фер избори

Untitled

„Стратегијата на СДСМ за средбата со германскиот пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, е одамна позната и јасна. Барањата за реформи во медиумите, Уставниот суд да се произнесе за СЈО и за владење на правото се одамна познати“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. Тој додаде дека неговата партија нема да отстапи од овие барања. Манчевски, исто така, како одговор на новинарско прашање, рече дека в среда би требало да се знае што ќе се случи со спорните 40.000 гласачи од избрачкиот список.

ЗНМ: Владините кампањи немаат врска со јавниот интерес

„Една реченица на министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на денешниот брифинг за законот за владините кампањи кажува се. Обидувајќи се да не убеди зошто мора да има владини реклами, дословно рече, ‘Владата мора да има начин преку медиумите да се обрати на својот електорат’. Поискрено признание дека владините кампањи немаат врска со јавен интерес и дека претставуваат партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ платена со јавни пари, нема“, сподели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Протест во Куманово за правда за Алмир

DSC_0078

Под мотото „За правда”, денеска во Куманово, се одржа едночасовен мирен протест на околу 5000 граѓани од албанска националност, во знак на револт, за трагично загинатото четиригодишно момче Алмир Алуи,инцидент што се случи на 26 јуни во близина на кумановската болница. Демонстрантите побараа максимална казна за Б. И., возачот на автомобилот кој го прегази момчето во близина на кумановската болница, по претходна расправија со С. А., таткото на Алмир.

Хан ја истакна важноста на владеењето на правото 

„Еден од најголемите предизвици за подготовка на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ е реконструкција на економијата. Владеењето на правото и економскиот развој се две страни на една иста паричка. Владеењето на правото, особено правната сигурност и функционирањето на судскиот систем, ги поттикнува инвестициите и економскиот раст. Западен Балкан во моментов се соочува со значителни проблеми. Тоа е единстевниот начин за регионот да доживее долгорочен економски раст“, порача Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и соседска политика, на бизнис форумот што се одржува во Париз, во рамки на Самитот на државите од Западен Балкан.


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

Tags: МакедонијаправопрегледПротестЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ