Доколку постои култура на дијалог, толеранција и приспособување кон различностите на луѓето со кои сме во креативен дијалог и креативна соработка, тогаш сите сфаќаат дека другите може да бидат различни ама со нив може и треба да се живее, соработува, да се прават проекти, идеи и иднината да се потпира врз сигурни и стабилни односи, вели Живко Андревски, комуниколог, универзитетски професор, доктор на науки за ЦИВИЛ Медиа, за тоа како да бидеме „чекор напред кон мултикултурно општество“.
„Најчесто проблемите во мултиетничкото жиевеење настануваат кога луѓето се со сопстевните групации, па тогаш врз основа на лажно херојство утврдуваат дека тие се малку посебно вредни, поинаку квалитетни во однос на другите, и тие ставови кои се во затворени кругови понекогаш ги застапуваат јавно и тогаш настанува напнатост и конфликтност.
Ние во основа сме мирно и спокојно општество за разлика од некои други општества како што е соседството или некои други држави во светот.
Луѓето може да бидат толерантни, расположени, да соработуваат, но исто така очекуваат и од другите страни, бидејќи нашата држава е мултиконфесионална, мултикултурно и муллитанионално општество, очекуваат почит и разбирање што нема да ги повредува и навредува, во краен случај нема да ги повредува нивните интереси, желби, сремежи и потреби. Тоа е доволен капитал за една фаза, но треба и понатаму да се вреднува, толкува и да се унапредува и да одговори на можни предизвици од внатрешни настани и од можни негативни надворешни влијанија врз тие односи“, вели Андревски.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети