Родена сум во земја каде што бојата на кожа, религијата, политиката немаат никаква улога, најзначајно е да се биде човек. За да бидеме една добра цивилизација и земја треба да ги отвориме широко рацете и да се прифатиме еден со друг. Различности има и треба да постојат, но сметам дека прифатливоста е апсолутен одговор на сè, вели Даница Стојанова – пијанистка, музички педагог, актуелна директорка на Музичко балетскиот училиштен центар „Илија Николовски Луј“, за ЦИВИЛ Медиа.
„Не постои ниту едно дете на оваа планета којшто не засллужува да биде среќно, да биде вклучено во работата и животот во било која инстритуција или онаму каде што тој ќе ја избере.
Посебно во уметноста, тука сме најотворени. Моето искуство покажува дека во нашето училиште „Илија Николовски Луј“ поминале прекрасни деца со различни типови на хендикеп и го имаат завршено училиштето и се пример за како кон подобро општество. Денес тие се прекрасни наши граѓани кои што дејствуваат и работат на полето кое што го изучуваат“, нагласи Стојанова.
текст и камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети












