• Latest

Францускиот предлог за власта е солидна основа за градење одговорен и државнички став, ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести, од денес поскапува струјата

July 1, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Францускиот предлог за власта е солидна основа за градење одговорен и државнички став, ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести, од денес поскапува струјата

July 1, 2022 16:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата го објави францускиот предлог

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство и можете да го преземете на следниот линк:

  • Ministerial meeting of the intergovernmental conference – Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union – General EU Position
  • Draft Council Conclusions
  • Draft EU Common Position for the first IGC

Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

„Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови. Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа. Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед. Го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

*

„Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес“, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

*

„Во рамки на овој документ, така како што е предложен, не постои, не е ставен протоколот што значи дека е исполнето нашето очекување да ги немаме историските прашања, кои би го оптовариле овој процес“, потврди вицепремиерот Бојан Маричиќ.

*

„Добрата вест за денеска е дека Бугарија и Република Северна Македонија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите на двете страни“ напиша претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја потпиша заедничката изјава на парламентот и владата на Украина за постигнување полноправно членство во Европската унија.

*

Уште една масовна гробница е откриена во градот Мариупол, објави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол.

*

Повлекувањето на руските војници од Змиски остров ќе го намали притисокот врз украинскиот брег со отстранување на руските системи за воздушна одбрана и противбродски ракетни системи од островот, но нема да стави крај на морската блокада, соопшти Американскиот Институт за проучување на војната (ISW)  во својата најнова проценка на руската офанзивна кампања, пренесува Укринформ.

*

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, во врска со руското влијание на Балканот, предупреди дека земјите од регионот мора „да смислат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание врз тамошната јавност и на „информациската војна“ што доаѓа од Москва.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Предлог кој е ултиматум за иднината на Македонија. Предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија. За таков предлог, одговорот е – не, благодарам, истакна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција која следуваше по објавувањето на новиот француски предлог, и ги повика граѓаните на масовен протест утре во 19 часот пред Владата.

СТРУЈА Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима, пренесува МИА.

ЕКОНОМИЈА Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“.

СУДСТВО Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија.

БУГАРИЈА Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој „Продолжи со промените“ ќе предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот парламент. Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.

*

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ денеска посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, јави БГНЕС, пренесува МИА.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Со оглед на зголеменото ниво на претпазливост кое мораме да ги имаме поради чекорите околу францускиот предлог, потенцијалното предавство на државните и национални интереси, решив одлуката за таквите протести да ја измениме и целосно да се фокусираме на решението“ – рече Мицкоски на прес конференција вечерта на 31 јуни пред Белата палата (која е на „добош“).

Што значи ова? Ништо друго, освен лошо и збунето формулирано признание, пишува Џабир Дерала во рафалот „Мицкоски призна уште еден свој пораз“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ