На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако дојде до судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот Скендербег.
„Нека разберат клетите ши****и“, „Ш*******и пи**и“, „Никогаш Северна само Македонија“, беа дел од скандирањата на демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог за спорот со Бугарија.
Дел од граѓаните донесоа транспарент „Предавници на народот“ составен од дел од пратениците кои го поддржуваат предлогот.
Демонстрантите потоа го запалија транспарентот „Предавници на народот“.
„Апелираме до граѓаните воопшто да покажат претпазливост и да не паѓат на вакви провокации, а политичките актери да бидат внимателни во своите јавни изјави и да не стануваат причина за дејствија кои го загрозуваат имиџот на државата и меѓуетничките односи во земјава“, велат од АА.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе одржи вонредна прес-конференција во 22 часот.