• Latest
Војо Маневски

Раскрсница

July 8, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Раскрсница

July 8, 2022 18:38
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Деновите кои изминуваа наметнуваа потреба да си ги полниме главите со разни дилеми и трилеми. Не се сеќавам дека сум прочитал некогаш повеќе разни ставови и мислења од домашни и странски автори. Читам и сѐ повеќе ништо не ми е јасно. Ставови, преводи, протоколи, анализи. Кој од кој од нив е поисклучлив во прогнозите. Ако го прифатиме европскиот протокол ќе се бугаризираме, ако не го прифатиме ќе ни стигне некој полош од овој и тогаш ќе нѐ стегне полоша дилема. Сѐ на сѐ се наоѓаме на раскрсница, а всушност раскрсницата е место на која сме изградиле куќа и тоа е наша постојана состојба. Понекогаш едната патека е пропустна, а следниот пат другата е проодна. Ние остануваме на раскрсницата како стебло покрај патот што се заборава, кога се одмине по зададениот правец. Сите метафори со дилемата дали чашата е полупразна или полу-полна се на маса и зависат само од аголот на гледање и објаснување. А се работи за чашата да остане цела и во неа да може да се полни вода.

Пред една недела во порака на еден мој пријател му напишав дека за него како човек имам пофални зборови, ама како носител на највисока должност ми е страв да го пофалам, зошто тоа нема да биде пофалба, туку уште една можност за лавина од критики. Се насобрало гнев од неправди кај овој народ и сега се истура без мерка и без пардон, врз секој што ќе се осмели да истакне некој свој став спротивен на некоја од завојуваните страни.

Слушам повици за национално единство, а ги слушам цел свој живот. Можно ли е единство кога на сѐ се гледа со недоверба и однапред подготвена спротивна аргументација. Единство како некоја замислена категорија никаде не постои колку и да ја посакуваме. Постојат само договорени цели кон кои најголемиот дел од општеството се стреми. Но и тие стануваат декларација кога се дојде до методите и постапките, кои треба да се применат на патот кон нив.

Сепак потребно е да се постават неколку прашања чии одговори се пат кон таквото единство. Кому му е потребна чашата, кому му е потребна државата Македонија, ако сите сме незадоволни од неа? Одговорот е едноставен, само прашањето е каква Македонија ни е потребна. Нема народ без митови и без верба во нив, нема успешна држава без минимум етика во јавната сфера. Претставниците на граѓаните ги бираме според својот есап на лични интереси, а потоа бараме од нив да ги исполнуваат и тие интереси и општите потреби на општеството. Тоа не бива – што би рекле моите штипјани. Посебното е затоа такво зошто не е општо, а не спротивно.

Шестотини судии, што ја вршат најодговорната работа во една заедница, бидејќи делат законска правда, не успеваат да наметнат општи етички поведенија при право распределувањето. Не се трудат или не сакаат е разбирањето на обичните граѓани. Сами си го срушија својот авторитет и не можат сега да посочат кои системски грешки ги сопнуваат во остварувањето на нивната функција. Овде не ни се потребни европски рамки и протоколи, туку промена на разбирањето на општествената одговорност. Кога веќе се пењавиме со идентитет и слични поими, мора да се спротивставиме на изјавите на разни политичари и аналитичари дека нам ни е потребен некој тутор или камшикар што ќе нѐ натера да направиме функционален систем во владеењето на правото. Ако не сме способни сами да си судиме тогаш други ќе ни судат, а тоа го имавме низ историјата колку сакаме. Овде немаме избор, ако сакаме да опстанеме како држава.

Економскиот систем не дава задоволителни резултати. Сто анализи и програми се донесоа, а не направивме поголем раст од два три проценти. До програмите или до нивното остварување е работата? Бараме државата да не зема толку многу од економијата, а се полни администрацијата со непотребни кадри заради некаков социјален мир. Платата за нив мора од некаде да се внесе во буџетот, а буџетот се полни од давачки од граѓаните во сите улоги и како производители и како потрошувачи и како враќачи на кредити.

Читам како комората прави евалуација на нивните предложени мерки и каде би биле ако биле послушани. Има една фалинка во тие предлози – не биле донесени навреме. Тешко дека и можеле да бидат донесени, зошто најчесто се базирани на евтина работна сила и префрлање на социјалната компонента врз државата. А државата мора од некаде да ги полни фондовите и така се во круг. Времето на транзициската акомулација на капиталот заврши. Сега капитал се продуктивните работници, а нив ги има сѐ помалку. Нели е време толкавиот број на докторски дисертации и универзитетски знаења да се покажат на пазарот на трудот и да се посочат модели и процеси кои ќе значат излез од оваа сеопшта криза и недоверба? Или пазарот е за работниците а за професорите се сигурните плати по универзитетите.

Јазикот е нашата татковина. На ова нема што да се додаде како констатација, ама има низа на потпрашања. Може ли некој да наброи пет автори кои се читаат барем низ Балканските земји? Одамна не сум прочитал дело од Венко од Гоце или збирка песни од Маџиров. Зошто нашите актери немаат престави на македонски и од македонски автори со кои ќе играат на светски фестивали, а читаме дека добивале пофалници од театарски фестивали од Врњачка Бања или Требиње. Се сеќава ли некој на делата на Стефановски и нивните премиери во Загреб или наградите на „Стериино позорје“? Каде ни се светски признатите преводи како на оние на Богомил Ѓузел, неделните осврти за културата на Ѓурчинов, за Гане и Конески да не зборуваме. Министерството за култура се претвори во комисија за доделување на средства на разни КУД-ови и аматерски здруженија. Професионалните театри добиваат средства колку да се одржат на сцената. Додека кино и телевизиската продукција кај соседите личи на хипер продукција, кај нас образот го обели само ситкомот Преспав. Јазикот се афирмира и низ такви творби, кои се достапни на голем број гледачи. Се појавиле тројца светски гитаристи од нашата земја, ама за нив само преку странски списанија дознаваме. Не се културни манифестации разни дешавки по плоштадите со музика од поранешните ЈУ простори. Големиот Крлежа одамна рекол—пучка поезија и пучке манифестације су вашари, који се забораве кад се поједе кобасица и попије млако пиво. Колку ќе се силни негирањата на македонскиот јазик, ако тој е афирмиран од дела на домашни автори или ако не пропуштиме ниту еден собир на светски лингвисти каде научно ќе ја докажуваме неговата посебност? Ќе се сведат на издвоени ставови на популистички националисти за домашна потреба на негаторските држави. Треба пари, секако ќе речат критизерите. Па ако не ја одбраниме културата и јазикот што тогаш ќе браниме? Тешко тоа ќе го постигнеме со протести и говори пред домашната публика.

Потребни ли се мирни протести? Да, потребни се зошто гневот од неправдите и стравот од неизвесноста е голем. Сѐ се собрало и мора да се испразни некако. Само артикулацијата на тој гнев треба да се канализира кон вистински промени, а не кон проста смена на актерите на јавната сцена.

За некои работи не се потребни приказни како метафори пред сегашноста, едноставно не е време за приказни и епови, туку за изнаоѓање на решенија за дилемите пред кои се наоѓаме. Сите цитираат мисли од творци, а јас се сетив на Горан Стефановски — светот се вози во јахта и пие џин и тоник, а ние се бориме да се одржиме на сплавот на кој сме качени. Појасно здравје!


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ