ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Национализмот на политичката улица“ денеска (петок), 15 јули 2022 година, со почеток во 13 часот.
На настанот ќе се поведе дискусија за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Дел од прашањата за кои ќе се дискутира се:
- Дали и каква одговорност имаат инспираторите и организаторите на протестите?
- Каква е врската меѓу националистичкиот наратив насочен кон меѓуетничките односи во земјата и европското решение за почеток на преговорите со ЕУ?
- Кои се последиците од етничката омраза на протестите по меѓуетничките односи и демократските процеси во општеството воопшто?
- Дали и какви мерки преземаат релевантните институции во овој период?
На настанот ќе учествува Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Сретан Димитриевски од Асоцијација- Центар за антитероризам и мир, Гардијан -Куманово, Васко Лазаревски, активист, и претставник од МВР, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Настанот ќе го води Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Вообичаено времетраење на овие настани е 60-90 минути. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и Јутуб видео каналот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ Тим за комуникации