• Latest

Културата и традицијата се побитни за нечија припадност, отколку самото име

July 18, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Културата и традицијата се побитни за нечија припадност, отколку самото име

July 18, 2022 19:35
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ

(АРХИВА НА ЦИВИЛ, објавено на 11 јануари, 2019 година)

Зошто би сакал јас да ги делам вредностите на државата Македонија. Тие национал-романтичарски ставови, грутката или земјата во која си роден е – твојата татковина… Зошто би требало да имам инитимен однос кон Македонија? А во секој случај, се декларирам како Македонец, се трудам се обидувам да живеам пристојно во оваа држава, што подразбира дека се обидувам да обезбедам пристојни услови и за другите околу мене да живеат и да направиме некое пристојно место.

Прашањата за идентитетот се секогаш збунувачки, особено прашањето за губење на идентитет, не само поради некоја реторичка супстанца што ја содржи самото прашање. Во секој случај, мене ме збунува уште повеќе поканата да зборувам за оваа тема во еден деликатен и траорен момент, односно, во момент на смртен случај на еден мој близок човек. Тоа ме натера да размислувам можеби малку филозофски на оваа тема и да размислам – кога човекот навистина го губи својот идентитет? Дали тогаш кога ќе го закопаме на некои гробишта, или можеби уште во текот на неговата болест кога неминовно се менува и неговиот физикус и неговата психологија и неговиот карактер? Или, можеби, неговот идентитет опстанува и по неговата смрт преку преданијата, записите од него или записите за него? И, каква врска има државата, нацијата, етничката припадност со нашето неминовно биолошко исчезнување.

Бев учесник на еден настан наречен „Жива литература“, каде неколку писатели на зададена тема се обидуваа на лице место да направат некаква говорна литература или говорна фикција. Главната ѕвезда на фестивалот беше хрватската писателка Славенка Дракулиќ, а зададената тема беше „Мојата бивша…“. Писателката одбра да говори за нашата бивша држава за Југославија. Таа ги начна идентитетските прашања, неминовно компарирајќи ја нејзината, релативно нова држава – Хрватска, со нејзината матична или прва држава Југославија, со проблемите на слобода на говор, на движење, со ограничениот простор, територијалниот интегритет…

Јас зборував за Југославија, не за мојата бивша држава, туку за мојата бивша цигара, за филтер „Југославија“. Јас ги начнав идентитетските прашања преку примерот на овие цигари. Филтер „Југославија“ е првата филтер цигара во Југославија и затоа го носи тоа име. Тоа е првото синтетичко име на цигари во Југославија, зашто сите дотогашни цигари се со генерички имиња, односно, сите оние реки – Морава, Вардар, Драва, Дрим…, се всушност, имиња на сорти на тутун од кои се направени цигарите. Малку подоцна се појавува и филтер „Европа“, второто синтетичко име на цигари и првото тврдо пакување во тутунската индустрија во Југославија, произведено во Прилеп.

Во 1998 година, една од првите одлуки на Владата на Љубчо Георгиевски беше да се укине производството на филтер „Југославија“. Беше проценето дека релативно мал број на пушачи ја пушат оваа цигара и дека економскиот удар нема да биде сериозен, а на нејзино место почна да се произведува филтер „Македонија“, што значи – некои политички бенефити би биле појаки од економската загуба што би се направила со укинувањето на цигарите. Токму тогаш, или малку подоцна, престана да се произведува и филтер „Европа“. Од овие географски имиња, на пазарот остана само филтер „Македонија“. Меѓутоа, што се случи? Филтер „Македонија“ беше цигара со свој друг посебен идентитет, и визуелен, и со друг шмек, сосема поинаква цигара од „Југославија“ и пушачите на „Југославија“ одбија да ја пушат.

Се сеќавам како скитав, како без глава, од МТ, „57“, „Родео“, барајќи нешто приближно да личи на „Југославија“. Од друга страна, филтер „Македонија“ беше исто како Југославија, направена од црн тутун, ефтина цигара, која не можеше да ги привлече пушачите што веќе беа навикнати или имаа свој пушачки идентитет со некои други цигари, а не можеше никако да привлече нови, бидејќи беше навистина ефтина. Поминаа неколку месеци и некој се сетил во Владата и прилично безгласно, ја укинаа „Македонија“ и таа исчезна од пазарот, а на нејзино место ги воведе филтер „Ориентал“.

Филтер „Ориентал“ го имаше истиот визуелен интегритет на филтер „Југославија“, истата кутија, истата боја, истата графика и истиот квалитет или неквалитет на цигарата. Јас веднаш се префрлив на филтер „Ориентал“, и да бидам искрен, името не ми се допаѓаше многу, има некоја негативна симболика, враќање кон Ориентот, а тоа е друга тема, ама не ми ни пречеше променетото име. Сите пушачи што ги знаев што пушеле „Југославија“, а тие се малубројна верна секта, се вратија на „Ориентал“.

„Ориентал“ се произведуваше до лани, јас го пушев до последната кутија и дома имам уште по една штека „Југославија“ и „Ориентал“. Прекина да се произведува откако „Филип Морис“ го зеде Прилепскиот комбинат, и наместо старите брендови ги воведе глобалните брендови кои владеат во светот. Тоа не предизвика некој голем земјотрес, затоа што пушачите на „Југославија“ природно и биолошки исчезнаа со текот на годините, а сатанизирањето на племето глобално пушачко е толку големо што веќе нема ништо да кажеш во полза на некоја цигара.

Без оглед на името, јас ги викав филтер „Ориентал“ сѐ до крајот, филтер „Југославија“ и кога ги купував ги барав како филтер Југославија и никогаш не дојде до некоја забуна меѓу продавачот и мене. Секогаш ми даваше „Ориентал“, или ќе ми кажеше – „Добивме филтер ‘Југославија’“ и ќе ми дадеше штека „Ориентал“.

За тој пушачки идентитет беше многу поважна некоја друга работа а не името, и почнав да размислувам која е таа друга работа која мене ме направи да им припаѓам на цигарите филтер „Југославија“. Веројатно, таа некоја култура на пушење и тој обичај да се запали токму таа цигара и да ти замириса така. Преведено на некој национален или колективен идентитет, веројатно културата и традицијата се многу побитни за нечија припадност, отколку што е самото име.

На крајот на краиштата, мислам, иако може да звучи како ерес, дека ни јазикот не е толку важен за идентитетот колку што е важна културата, обичаите…

Прашањето не е како ќе го зачуваме јазикот, туку како ќе ја унапредиме сопствената култура. Мене ми е многу проблематичен и државниот идентитет, односно државата како нација, а особено, етничкиот идентитет, бидејќи идентитетот е лична определба, лична работа која подоцна го сочинува и колективниот идентитет. Односно, дали јас се чувствувам како припадник на некоја група или на нешто и сакам да ги делам вредностите на таа група или нешто… И зошто би сакал јас на пример да ги делам вредностите на државата Македонија. Тие национал-романтичарски ставови, грутката или земјата во која си роден е – твојата татковина. Јас сум роден во Словенија, и освен фактот дека сум роден во Словенија немам никаков интимен однос према таа држава, односно, имам како кон сите други држави. Зошто би требало да имам инитимен однос кон Македонија? А во секој случај, се декларирам како Македонец, се трудам се обидувам да живеам пристојно во оваа држава, што подразбира дека се обидувам да обезбедам пристојни услови и за другите околу мене да живеат и да направиме некое пристојно место.

Меѓутоа, мојот идентитет или било чиј идентитет во 21 век се врзува во овој глобализам, мислам на сосема други интереси отколку што се националните или етничките. Имаме свеж пример за тоа, некогашниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каков идентитет ќе има и кои интереси го натерале да припадне на некое друго место, претпоставувам  дека не се националните или етничките, туку некоја друга припадност или идентитет.

Мислам дека треба да се занимаваме со функционална поврзаност меѓу луѓето врз база на некои сосема други интереси кои ќе бидат материјални и духовни и кои ќе овозможат подобар живот.

 


Текстот е дел од публикацијата „Губење на идентитетот или…?“ од истоимениот проект на ЦИВИЛ во соработка со Фондацијата Хајрих Бел.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ