• Latest

Ковачевски: Со нова инвестиција од 200 милиони евра стануваме крстосница на Балканот, ја поврзуваме земјата со регионалните и европските железнички коридори

July 20, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Со нова инвестиција од 200 милиони евра стануваме крстосница на Балканот, ја поврзуваме земјата со регионалните и европските железнички коридори

July 20, 2022 13:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на железничката пруга за прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на железничката пруга на Коридор 10, информираат од Владата.

На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи министрите за финансии Фатмир Бесими и за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на компаниите „Саваж“, „Штрабаг“, „Ѓулермак“ и „МТВ“ и од Делегацијата на ЕУ и ЕБОР.

Во своето обраќање,  премиерот Ковачевски истакна дека со потпишувањето на денешните договори меѓу ЈП ЖРСМ и фирмите изведувачи започнуваме еден мошне важен процес на ревитализација на неколку клучни делници со вкупна должина од 96 километри, по кои непречено и ефикасно ќе се одвива железничкиот сообраќај во земјава, а кој ќе придонесе за забрзан регионален и економски развој.

Тој објасни дека станува збор за инвестиција од 200 милиони евра во која се планирани ревитализација на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и ремонт на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10.

Според премиерот, градежните зафати кои ја опфаќаат ревитализацијата покрај подобрување на техничките карактеристики на пругата, ќе обезбедат целосно модернизирање по европски стандарди преку изградба на нови мостови, поставување безбедносни бариери и заштита од врева и вибрации, поставување на нови сигнално сигурносни уреди, изградба на нови железнички станици, итн.

Тој упати честитки за институциите за успешно спроведената комплексна постапка за избор на изведувачи согласно правилата на ЕБОР и честитки за избраните компании од кои очекуваме навремена и квалитетна изведба согласно договореното.

Ковачевски нагласи дека реализација на планираните инвестициски вложувања во железничката инфраструктура во Коридорите 8 и 10, е исклучително важен проект од кој придобивки ќе имаат и Република Северна Македонија но и регионот.

Ова е последниот од неколкуте големи инфраструктурни проекти со кои се заокружува идејата за Северна Македонија како раскрсница на Балканот, а кој ќе овозможи регионално поврзување и интеграција на Република Северна Македонија во европските железнички коридори, рече Ковачевски.Инвестицијата воедно ќе обезбеди отворање на нови европски рути за железнички превоз и ќе нѐ поврзе со пристаништата во Албанија и Бугарија. Регионалното поврзување од овој тип е исклучително важен момент за нашата економија.

Тој потенцира дека со оваа инфраструктурна инвестиција се отвораат и практично обезбедуваат нови пазари за домашните компании. Нашите компании полесно и побрзо ќе се поврзат со регионот и пошироко што отвора многу нови можности за просперитет и економски развој. Алтернативните рути кои ги обезбедува оваа инвестиција во крајна линија ќе значат и поевтин транспорт за компаниите, намалувајќи го товарот врз стопанството кое го носи економската и енергетска криза во која се наоѓаме.

Инвестицијата несомнено ќе значи и подобрување на макроекономски параметри на државата, значајни во време на глобална економска криза.

Со рехабилитациските зафати на Коридорот 8 по речиси 30 години, железничката пруга која ја поврзува Република Северна Македонија со Република Бугарија станува реалност. Овој проект ќе биде од пошироко значење и за стопанството, за бизнисот но и влог во европската агенда за функционално железничко поврзување на целиот регион

Пристапувањето во Европската Унија покрај тоа што е политички процес, воедно е и процес на инфраструктурно и економско поврзување. Овој процес се движи паралелно и е подеднакво важен бидејќи носи опипливи придобивки врзани со подобрување на бизнис климата но и со подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, истакна Премиерот.

Тој нагласи  дека пред нас е уште еден доказ дека политиките на пријателство, добрососедство и соработка значат развој и поединечно за двете земји, но и за регионот. Кога постои волја, тие политики лесно и најпрактично се преточуваат во конкретни, реални и остварливи цели во интерес на граѓаните. Тоа е нашиот фокус и нашата заложба, да се поврзуваме со земјите од регионот на начин кој ќе овозможи просперитет за сите, а со кои граѓаните ќе бидат економски зајакнати. Регионалниот развој и соработка, како и досега останува наш приоритет.

Воедно, за Ковачевски, импактот кој инвестицијата ќе го има врз развојот и реформите во железничкиот сектор се несомнени. Реформите се долг процес, но тие претставуваат неопходен предуслов за железнички транспорт каков што сите посакуваме: подеднакво развиен, безбеден, брз и еколошки како и во земјите на Европската Унија. Придобивките од развиениот железнички транспорт се неколкукратни и затоа сите ние треба да продолжиме да работиме на модернизација на железницата преку заеднички проекти со нашите партнери од ЕУ со цел ефикасна и модерна железничка мрежа во регионот.

За крај, навистина сум задоволен што овој проект доаѓа веднаш по вчерашниот историски ден за Република Северна Македонија. Ова, како што кажав е практична имплементација на добрососедски политики, и е добар патоказ во која насока треба да се движат работите и на политички и на економски план, рече Ковачевски.

Тој потсети дека вчера пред присутните 27 земји членки посочив дека Северна Македонија е природно поврзана со Европската Унија. ЕУ е наш главен трговски партнер. Нашата економија е нераскинливо структурно поврзана со таа на ЕУ, не само во поглед на трговската размена туку и поврзано севкупните релации помеѓу деловните субјекти.

Според Ковачевски, оваа денешна инвестиција ќе придонесе овој партнерски однос да се продлабочи и развива. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат и очекуваат забрзан развој кој ќе обезбеди повисок стандард.

Храбрите, тешки и патриотски одлуки кои ги донесовме, од денес се преточуваат во конкретни проекти кои ќе обезбедат севкупен развој. Она што е важно, е дека имаме јасна визија за иднината, ја движиме државата напред. Северна Македонија економски, политички, општествено ќе се развива, а денешните и идните генерации градиме демократско, европско општество во кое граѓаните ќе се економски напредни со подобрен квалитет на живот”, рече премиерот Ковачевски.
М.Д.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ