„Почитување на вредноста на другите и различноста е лекот против национализмот. Нема друг одговор против национализмот, само ако луѓето сватат дека ги почитуваме сите, но и дека сите сме заедно во ова“, вели вели Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество во Владата на Република Северна Македонија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Национализмот на политичката улица“, (на 15 јули 2022).
„Коректно е да им забележуваме на министрите Османи или Маричиќ, или на премиерот Ковачевски дека не си ја вршат добро работата, дека можат и подобро, тоа е дел од демократската процедура, но тоа да се прави без навреди, недоверба, сомнежи, повикување на велепредавство и користење на грди термини, бидејќи тоа едноставно не доликува на борба на македонската држава и на цела нација која сме сите заедно и сите ги чувствуваме последиците.
Дали Северна Македонија ќе ја отвори европската перспектива или не, тоа ги засега сите наши граѓани. На крајот на краиштата, вие може да направите еден експеримент, да побарате бугарски пасош, да се декларирате дека вашите предци биле Бугари, па да видиме дали Бугарите ќе ви веруваат или не…“, истакна Алаѓозовски.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети