• Latest

Зеленски: Украина и нашиот народ, нашите способности се дефинитивно помоќни од какви било руски проектили и гранати

August 1, 2022
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025
Фото: Влада

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта дека може да нè биде

May 16, 2025

Прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американскиот државен секретар Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори за Украина

May 16, 2025
Последиците од нападот со руски беспилотни летала врз Одесската област, Украина, преку ноќ на 16 мај 2025 година. Фото: Гувернер Олех Кипер/Телеграм

Во руските напади во текот на изминатиот ден во Украина загинаа 3, повредени 15 лица

May 16, 2025

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Украина и нашиот народ, нашите способности се дефинитивно помоќни од какви било руски проектили и гранати

August 1, 2022 11:09
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес се случи едно од најбруталните гранатирања на Миколајив и на областа за време на целото време на војната од големи размери. Десетици ракети и проектили… Окупаторите погодија станбени згради, училишта, друга социјална инфраструктура и индустриски објекти.

Рускиот напад ги одзеде животите на Олексиј Вадатурскиј и неговата сопруга Раиса, основачот на една од најголемите украински земјоделски компании „Нибулон“, Херојот на Украина. Моето искрено сочувство до блиските и пријателите на двојката Вадатурски, посочи украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

Такви луѓе, такви компании, токму нашиот украински југ ја гарантираа безбедноста на храната на светот. Отсекогаш било така. И така ќе биде повторно. Нека руските терористи не се ни надеваат дека ќе успеат да го уништат општествениот и индустрискиот потенцијал на Украина и да прошетаат низ урнатините.

Украина и нашиот народ, нашите способности се дефинитивно помоќни од какви било руски проектили и гранати.

Сега руската армија се обидува да ја зајакне својата позиција во окупираните области на југот на нашата земја, зголемувајќи ја активноста во соодветните насоки. Дел од руските сили од нивните позиции на исток се префрлени на југ – во Херсонската област и Запорижската област… Но, тоа нема да им помогне таму.

Ниту еден од руските напади не останува без одговор од нашите војници и разузнавачи. Вооружените Сили на Украина се подготвени да одговорат на било која нова активност на окупаторите.

И денес сакам да му се заблагодарам на секој жител на Миколајив за нивната нескротливост, за заштита на градот и областа. Им благодарам и на Никопол, Харкив, Кривиј Риг, на целата Днипропетровска област, на силните луѓе на Запорижја и областа, на сите Украинци од Херсонската област, на секој и секоја што ги брани пристапите кон Одеса и областа… Ви благодариме за вашата храброст!

Стратешки, Русија нема шанси да победи во оваа војна. И потребно е да издржиме, за и на тактичко ниво терористичката држава да го почувствува својот пораз. Неопходно е да се издржи на југ, на исток и насекаде. Да се држиме до одбраната, дипломатијата и политиката. Да го зачуваме нашето единство – и тоа не само пред победата, туку и по неа, за квалитетно да го вратиме сето уништено од окупаторите. Верувам дека сето тоа ќе го направиме.

Денес потпишав неколку важни закони, конкретно законот за обезбедување дополнителни гаранции за заштита на медиумските работници кои работат во области на воени дејствија. Ова ќе ја зајакне заштитата на нашите новинари.

Законот за обезбедување на правата и слободите на внатрешно раселените лица – елиминирање на бирократските бариери кои ја ограничуваа помошта за луѓето.

Закон за заштита на цивилното население во случај на вонредни ситуации и воени дејствија.

Исто така, законот кој создава услови за сеопфатна термичка модернизација на зградите и го поедноставува процесот на обновување на станбениот сектор оштетен од ударите на окупаторите.

И, исто така – важни закони за ратификација, некои други акти.

Се подготвуваме за нова недела – како и секогаш, полна со меѓународна активност. Веќе утре – важни преговори со европските партнери. Овие денови ќе го продолжам моето обраќање до меѓународната заедница, комуникацијата со различна публика е многу важна, вклучително со студентската публика.

Што и да се случи и што и да планираат окупаторите, ние мора да го направиме нашиот дел – да ја заштитиме нашата држава и да се грижиме еден за друг.

Колку сме поефикасни во ова – сите ние, сите граѓани на Украина – толку побрзо ќе постигнеме победа.

Ви благодарам на сите што се борат за Украина!

Слава на Украина!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ