• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Русковска бара помош од ЕУ и САД за случајот со Муареми, Здружението на обвинители против неа, Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, Северна Македонија ќе пристапи кон програмата Дигитална Европа

August 4, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Русковска бара помош од ЕУ и САД за случајот со Муареми, Здружението на обвинители против неа, Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, Северна Македонија ќе пристапи кон програмата Дигитална Европа

August 4, 2022 16:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации, пренесува МИА.

Како професионално здружение, се посочува во денешната реакција од Здружението на јавни обвинители, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност, подвлекуваат од Здружението.

Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители, истакнуваат, мора да се водат од начелата на законитост и правичност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ние плаќаме цена за нашата поддршка за Украина. За воената, хуманитарната и финансиската поддршка. За санкциите, кои резултираа со зголемена инфлација и повисоки цени во нашите земји. Но запомнете – цената што ја плаќаме може да се мери во пари. Цената што ја плаќа Украина се мери со човечки животи. Стотици убиени или ранети секој ден“, рече Столтенберг.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во соопштение до медиумите, ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

ГРАД СКОПЈЕ Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, со должина од 12,81 километри, пишува Мета.

ЕКОНОМИЈА Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за два до три денари за литар, со што малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,99 отсто.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница  ја разгледа и усвои и Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, информираат од владината прес служба.

ЕКОЛОГИЈА Помагаме во чистењето на дивите сметишта, но општините мора да ги обезбедат услугите и во најизолираните населби, истакна Насер Нурадини, министерот за животна средина и просторно планирање.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во регионот на Доњецк, руски напаѓачи отворија оган на општинската автобуска станица во Торецк, при што загинаа осум локални жители, а четворица беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, кој ја објави веста на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

Вооружените сили на Украина продолжуваат да ги таргетираат руските воени упоришта, што веројатно ќе влијае на нивното воено логистичко снабдување во иднина, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното известување за ситуацијата во Украина, пренесува Укринформ.

*

Деновиве во нашиот информативен простор и на социјалните мрежи има многу извештаи за конфликтни ситуации и закани кои постојат на други географски места. Прво – Балканот, потоа – Тајван, сега можеби е Кавказ… Сите овие ситуации изгледаат поинакви, иако ги обединува еден фактор, а тоа е: глобалната безбедносна архитектура не функционираше. Ако функционираше, немаше да ги има сите овие конфликти, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, проф. д-р. Иван Анастасовски зборува за говорот на омраза, дискриминацијата и национализмот на навивачките групи на трибините, но и надвор од спортските натпревари, односно на социјалните мрежи. За тесната спрега меѓу навивачките групи и политичките врвови, како и поврзаноста со полициските структури. На кој начин се мобилизираат и организираат.

Тој зборува и за последните инциденти и недоличното скандирање на натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб, како и на натпреварот ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров. Зборува и за хулиганизмот во Англија и како се стави ред, односно нулта толеранција за недоличното навивање и однесување…

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ