• Latest

Нема потреба од нови рестриктивни мерки против КОВИД-19, уверуваат од КЗБ

August 8, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Нема потреба од нови рестриктивни мерки против КОВИД-19, уверуваат од КЗБ

August 8, 2022 19:57
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со моменталната ковид-ситуација нема потреба од нови рестриктивни мерки, последните препораки за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и старечки домови засега се доволни, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Тој во вечерашното гостување во емисијата „Жешко столче“ на Канал 5, беше дециден дека според моменталната ситуција со околу 170 хоспитализирани со Ковид-19 во болниците, од кои 20 во Инфективната клиника и ниту еден со тешка клиничка слика, рестриктивните мерки треба да се чуваат за кога ќе бидат потребни.

Сепак, бидејќи, како што истакна, вирусот изненадува и се враќа со нови верзии, сериозно ќе се размислува за отворање на прашањето за планирање на есента.

– Вирусот не изненади со појава на нова верзија која уште полесно се шири и има прилично ефикасен начин да го избегне веќе стекнатиот имунитет. Во моментот во Австралија е најсериозна ситуацијата  бидејќи таму е дојдена есента и во овој бран истовремено со омикронот се појавува и грип. Ситуацијата е комплексна и има прилично голем притисок врз установите и затоа сметаме дека треба малку посериозно да го отвориме  прашањето за планирање на нашата есен во прв ред заради грипот и недоволната вакцинација која можеби ќе ни прави проблем наесен, оцени Петличковски.

Не ја исклучи и можноста за враќање на маските во училиштата, доколку се појави потреба за тоа..

Според него, се чини дека се приближуваме до пикот на овој ковид-бран кој ќе трае неколку недели.

-Потоа се очекува бројот на инфицирани да се намалува. Ќе ги видиме и бројките од неделава, но се чини дека го достигнуваме плафонот, појасни Петличковски.

Во врска со колективниот имунитет, рече дека имаме остварено солидно ниво, како и во целиот свет. Но, порача дека тоа не значи гаранција за неинфицирање.

– Некои повеќепати прележале, 50 проценти од населението се вакцинирани. Лицата со хибриден-комбиниран имунитет се најзаштитени од нови инфекции и тежок тек на болеста и затоа нема голем притисок врз здравствените установи, информира Петличковски.

За протоколите и новите начини за лекување, рече дека тие само се прилагодуваат на новите верзии.

Во врска со мајмунските сипаници, Петличковски кажа дека досега кај нас не е регистриран ниту еден случај и не очекува оваа болест да стане проблем како што е короната.

Посочи дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници. Веќе е достапна и вакцина, авторизирана од ЕМА, но масовна вакцинација не се планира.

– Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за тие ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ