• Latest

Зеленски: Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја

August 11, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја

August 11, 2022 09:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо Украинците ќе можат да ја ослободат сопствената земја и да ја обезбедат безбедноста на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешното видео обраќање.

„Вооружените сили на Украина, нашето разузнавање и нашите агенции за спроведување на законот нема да го остават без одговор денешното руско гранатирање на регионот Днепропетровск. 13 лица загинаа како резултат на окупаторскиот напад на Марханец. Повеќе од десет се ранети, пет се во тешка состојба“, рече тој.

Зеленски нагласи дека руските трупи напаѓаат со системите Град, што е редовна манифестација на рускиот терор, исто како и нападите врз Миколаев и Харков, и уште еднаш докажува дека „неопходно е да се зголеми воената помош за Украина“.

„Ова е прашање што ги загрижува апсолутно сите: кога ќе заврши војната? Некој вели – месеци, некој – година, некој – уште повеќе. Но, прашањето за времето всушност директно зависи од прашањето за загубите што Русија ќе ги претрпи. Колку повеќе загуби претрпат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја и да ја гарантираме безбедноста на Украина. За ова треба да размислуваат сите што ја бранат нашата држава и и помагаат на Украина: како да се нанесат најголеми можни загуби на окупаторите за да се скрати времето на војната“, рече Зеленски.

Според Зеленски, ако речиси 43.000 загинати руски војници не го убедат руското раководство дека треба да се најде излез од војната, тогаш потребни се повеќе борби, потребни се повеќе резултати за да се убеди.

Зеленски истакна дека за само еден ден, окупаторите загубија десет борбени авиони: девет на Крим и уште еден во правец на Запорожје. Окупаторите трпат и нови загуби на оклопни возила, магацини со муниција, логистички правци.

Тој истакна дека без разлика што ветуваат окупаторите, нивниот единствен начин е да избегаат. Најдобро. Ако успеат навреме.

Ја протеравме руската војска од северните региони. Ги протеравме напаѓачите од  островот Змиини. Тие веќе чувствуваат дека е дојдено време да бегаат од Керсон и воопшто од југот на нашата земја. Ќе дојде време кога ќе бегаат од регионот Харков, од Донбас, од Крим… И секој што може да помогне во тоа, нека го направи тоа“, рече претседателот. „Украинците секогаш треба да запомнат дека секој чекор на нашата армија во оваа војна беше направен во сурови и тешки битки. Окупаторите од 24 февруари ништо не заробиле без отпорот на нашите херои и ништо нема да можат да задржат. Ќе ослободиме сè“,

Зеленски ги повика жителите на привремено окупираните територии да ги информираат вооружените сили на Украина за непријателот и оние кои им помагаат.

„Доколку ви е достапна некоја важна информација за непријателот, ве молиме пријавете ја на начин кој е безбеден за вас до нашите специјални служби, нашата војска. рече претседателот.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ