Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо Украинците ќе можат да ја ослободат сопствената земја и да ја обезбедат безбедноста на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешното видео обраќање.
„Вооружените сили на Украина, нашето разузнавање и нашите агенции за спроведување на законот нема да го остават без одговор денешното руско гранатирање на регионот Днепропетровск. 13 лица загинаа како резултат на окупаторскиот напад на Марханец. Повеќе од десет се ранети, пет се во тешка состојба“, рече тој.
Зеленски нагласи дека руските трупи напаѓаат со системите Град, што е редовна манифестација на рускиот терор, исто како и нападите врз Миколаев и Харков, и уште еднаш докажува дека „неопходно е да се зголеми воената помош за Украина“.
„Ова е прашање што ги загрижува апсолутно сите: кога ќе заврши војната? Некој вели – месеци, некој – година, некој – уште повеќе. Но, прашањето за времето всушност директно зависи од прашањето за загубите што Русија ќе ги претрпи. Колку повеќе загуби претрпат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја и да ја гарантираме безбедноста на Украина. За ова треба да размислуваат сите што ја бранат нашата држава и и помагаат на Украина: како да се нанесат најголеми можни загуби на окупаторите за да се скрати времето на војната“, рече Зеленски.
Според Зеленски, ако речиси 43.000 загинати руски војници не го убедат руското раководство дека треба да се најде излез од војната, тогаш потребни се повеќе борби, потребни се повеќе резултати за да се убеди.
Зеленски истакна дека за само еден ден, окупаторите загубија десет борбени авиони: девет на Крим и уште еден во правец на Запорожје. Окупаторите трпат и нови загуби на оклопни возила, магацини со муниција, логистички правци.
Тој истакна дека без разлика што ветуваат окупаторите, нивниот единствен начин е да избегаат. Најдобро. Ако успеат навреме.
Ја протеравме руската војска од северните региони. Ги протеравме напаѓачите од островот Змиини. Тие веќе чувствуваат дека е дојдено време да бегаат од Керсон и воопшто од југот на нашата земја. Ќе дојде време кога ќе бегаат од регионот Харков, од Донбас, од Крим… И секој што може да помогне во тоа, нека го направи тоа“, рече претседателот. „Украинците секогаш треба да запомнат дека секој чекор на нашата армија во оваа војна беше направен во сурови и тешки битки. Окупаторите од 24 февруари ништо не заробиле без отпорот на нашите херои и ништо нема да можат да задржат. Ќе ослободиме сè“,
Зеленски ги повика жителите на привремено окупираните територии да ги информираат вооружените сили на Украина за непријателот и оние кои им помагаат.
„Доколку ви е достапна некоја важна информација за непријателот, ве молиме пријавете ја на начин кој е безбеден за вас до нашите специјални служби, нашата војска. рече претседателот.
Подготви: Д.Мишев