• Latest

Зеленски: За да ги избркаме окупаторите од Украина, мораме да направиме се за да ѝ отежнеме на Русија да води војна

August 17, 2022

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: За да ги избркаме окупаторите од Украина, мораме да направиме се за да ѝ отежнеме на Русија да води војна

August 17, 2022 11:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседателт Володимир Зеленски, во своето синоќешно видео обраќање изјави дека, за да ги протераат окупаторите, Украинците мора да направат се за да ѝ отежнат на Русија да води војна.

Секој ден и секоја вечер гледаме нови извештаи за експлозии на територијата која привремено ја окупираа окупаторите. Сега ги молам сите наши луѓе на Крим, во другите региони на југот на земјата, во окупираните области на Донбас и Харкивската област да бидат многу внимателни. Ве молиме, не одете во близина на воените објекти на руската армија и сите оние места каде што складираат муниција и опрема, каде што го чуваат својот штаб, порача Зеленски.

Тој посочи дека причините за експлозиите на окупираната територија можат да бидат различни, многу различни, вклучитело ја цитираше и дефиницијата на самите окупатори „лудило“.

Според Зеленски, сите тие имаат исто значење: уништувањето на окупаторската логистика, нивната муниција, воена и друга опрема и командни пунктови ги спасува животите на нашиот народ. Колку помалку можности имаат окупаторите да прават зло и да убиваат Украинци, толку побрзо ќе можеме да ја завршиме оваа војна со ослободување на нашата земја. А редицата деновиве за заминување од Крим за Русија преку мостот докажува дека апсолутното мнозинство граѓани на терористичката држава веќе разбираат или барем чувствуваат дека Крим не е место за нив.

Тој им се заблагодари на сите Украинци кои им помагаат на  Вооружените Сили, разузнавачите,  специјалните служби да ја ослабат окупаторската армија. Ова е значајна предност на Украина и основната причина за идната победа – борбата на украинските бранители се заснова на безусловната поддршка на украинскиот народ. Ова е народна ослободителна војна, ова е сеукраинска борба за слобода и независност на нашата земја.

Украина на еден или друг начин е заштитена од милиони. Милиони луѓе кои се борат на фронтот, кои се борат за своите градови и села, вклучително и во окупацијата, кои ја запреа опремата на окупаторот, кои ги информираа и ги информираат нашите разузнавачки и специјални служби, кои се спротивставуваат на окупаторите во нивниот грб, кои обезбедуваат неопходни залихи за Украина и работа на сите наши државни институции и стопанство, кои волонтираат, кои се борат за нашите интереси во странство, кои се борат во информативната војна, рече Зеленски и додаде: И ние треба да направиме – и ќе направиме – сè за да ја зачуваме оваа национална основа на одбраната.

За да не се намали поддршката на Украина во светот и нашата држава да се движи кон победа, не треба да се намалува ниту нашата сопствена активност – апсолутно секој што на овој или оној начин застана во одбрана на нашата држава. Правете сè, како што правевте, за Украина. И уште повеќе, затоа што раководството на Русија очекува дека Украинците, Европејците и целиот свет ќе се чувствуваат уморни од оваа војна. Мора да направиме се за да не се измориме ние или нашите пријатели и партнери, туку нашиот непријател. За да ги избркаме окупаторите од Украина, на Русија мора да ѝ станува се потешко да се бори секој ден – ова е нашата воено-политичка задача број еден, нагласи Зеленски.

Претседателот информираше дека  разговарал со Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кого го информирал за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорижја и за повторните руски провокации. и му се заблагодарил за големата поддршка. Вклучително, разговарале за нова безбедносна и макрофинансиска помош на нашата држава.

Исто така, разговарал и со Премиерот на Данска, за зголемување на финансиската поддршка за Украина, за нови санкции против Русија, и се заблагодарил  за помошта во одбраната и за плодната конференција во Копенхаген на која неодамна беа договорени конкретни решенија за нашата одбрана.

И за прв пат во историјата на меѓусебните билатерални односи разговарал со Претседателот на Замбија, за соработката во меѓународните организации, безбедноста на храната и актуелните глобални закани.

Зеленски соопшти дека Бан Ки Мун, осмиот Генерален секретар на Обединетите нации и Хуан Мануел Сантос, поранешен Претседател на Колумбија, ја посетија Украина. Главна тема на разговор со нив биле безбедносните гаранции за Украина.

Правиме сè за да формираме таква воена, политичка и правна безбедносна архитектура за Украина, која ќе биде реална, ефективна и ќе работи на долг рок, гарантирајќи му мир на нашиот народ, рече Зеленски.

Тој истакна дека руската армија го продолжи своето апсолутно бесмислено и брутално гранатирање на градовите од Запорижската област и Днепропетровскската област – Орихив, Никопол… За жал, има ранети, за жал, има и жртви. Гранатирањето на Харкив и пограничните области продолжува. Но, сето тоа нема да им даде ништо на окупаторите и нема да го скрши украинскиот отпор.

Нашите херои одбиваат постојани и многу моќни напади во Донбас. Таму окупаторите користат се: авијација, ракети, фосфорни бомби, артилерија… Се водат многу жестоки битки. Мора да поминеме низ тоа, да издржиме се и да се избориме за животот. Украина мора да победи и ќе победи, дециден е Зеленски.

На крајот од обраќањето Зеленски соопшти дека го потпишал указот за доделување награди на нашите бранители. На 189 војници им беа доделени државни награди. 158 се припадници на Националната гарда, од кои 21 постхумно. 26 граничари, од кои двајца постхумно. Тројца полицајци, од кои двајца постхумно, како и двајца вработени во Државната царинска служба, од кои едниот постхумно.

Подготви: Д.Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ