Украинскиот претседателт Володимир Зеленски, во своето синоќешно видео обраќање изјави дека, за да ги протераат окупаторите, Украинците мора да направат се за да ѝ отежнат на Русија да води војна.
Секој ден и секоја вечер гледаме нови извештаи за експлозии на територијата која привремено ја окупираа окупаторите. Сега ги молам сите наши луѓе на Крим, во другите региони на југот на земјата, во окупираните области на Донбас и Харкивската област да бидат многу внимателни. Ве молиме, не одете во близина на воените објекти на руската армија и сите оние места каде што складираат муниција и опрема, каде што го чуваат својот штаб, порача Зеленски.
Тој посочи дека причините за експлозиите на окупираната територија можат да бидат различни, многу различни, вклучитело ја цитираше и дефиницијата на самите окупатори „лудило“.
Според Зеленски, сите тие имаат исто значење: уништувањето на окупаторската логистика, нивната муниција, воена и друга опрема и командни пунктови ги спасува животите на нашиот народ. Колку помалку можности имаат окупаторите да прават зло и да убиваат Украинци, толку побрзо ќе можеме да ја завршиме оваа војна со ослободување на нашата земја. А редицата деновиве за заминување од Крим за Русија преку мостот докажува дека апсолутното мнозинство граѓани на терористичката држава веќе разбираат или барем чувствуваат дека Крим не е место за нив.
Тој им се заблагодари на сите Украинци кои им помагаат на Вооружените Сили, разузнавачите, специјалните служби да ја ослабат окупаторската армија. Ова е значајна предност на Украина и основната причина за идната победа – борбата на украинските бранители се заснова на безусловната поддршка на украинскиот народ. Ова е народна ослободителна војна, ова е сеукраинска борба за слобода и независност на нашата земја.
Украина на еден или друг начин е заштитена од милиони. Милиони луѓе кои се борат на фронтот, кои се борат за своите градови и села, вклучително и во окупацијата, кои ја запреа опремата на окупаторот, кои ги информираа и ги информираат нашите разузнавачки и специјални служби, кои се спротивставуваат на окупаторите во нивниот грб, кои обезбедуваат неопходни залихи за Украина и работа на сите наши државни институции и стопанство, кои волонтираат, кои се борат за нашите интереси во странство, кои се борат во информативната војна, рече Зеленски и додаде: И ние треба да направиме – и ќе направиме – сè за да ја зачуваме оваа национална основа на одбраната.
За да не се намали поддршката на Украина во светот и нашата држава да се движи кон победа, не треба да се намалува ниту нашата сопствена активност – апсолутно секој што на овој или оној начин застана во одбрана на нашата држава. Правете сè, како што правевте, за Украина. И уште повеќе, затоа што раководството на Русија очекува дека Украинците, Европејците и целиот свет ќе се чувствуваат уморни од оваа војна. Мора да направиме се за да не се измориме ние или нашите пријатели и партнери, туку нашиот непријател. За да ги избркаме окупаторите од Украина, на Русија мора да ѝ станува се потешко да се бори секој ден – ова е нашата воено-политичка задача број еден, нагласи Зеленски.
Претседателот информираше дека разговарал со Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кого го информирал за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорижја и за повторните руски провокации. и му се заблагодарил за големата поддршка. Вклучително, разговарале за нова безбедносна и макрофинансиска помош на нашата држава.
Исто така, разговарал и со Премиерот на Данска, за зголемување на финансиската поддршка за Украина, за нови санкции против Русија, и се заблагодарил за помошта во одбраната и за плодната конференција во Копенхаген на која неодамна беа договорени конкретни решенија за нашата одбрана.
И за прв пат во историјата на меѓусебните билатерални односи разговарал со Претседателот на Замбија, за соработката во меѓународните организации, безбедноста на храната и актуелните глобални закани.
Зеленски соопшти дека Бан Ки Мун, осмиот Генерален секретар на Обединетите нации и Хуан Мануел Сантос, поранешен Претседател на Колумбија, ја посетија Украина. Главна тема на разговор со нив биле безбедносните гаранции за Украина.
Правиме сè за да формираме таква воена, политичка и правна безбедносна архитектура за Украина, која ќе биде реална, ефективна и ќе работи на долг рок, гарантирајќи му мир на нашиот народ, рече Зеленски.
Тој истакна дека руската армија го продолжи своето апсолутно бесмислено и брутално гранатирање на градовите од Запорижската област и Днепропетровскската област – Орихив, Никопол… За жал, има ранети, за жал, има и жртви. Гранатирањето на Харкив и пограничните области продолжува. Но, сето тоа нема да им даде ништо на окупаторите и нема да го скрши украинскиот отпор.
Нашите херои одбиваат постојани и многу моќни напади во Донбас. Таму окупаторите користат се: авијација, ракети, фосфорни бомби, артилерија… Се водат многу жестоки битки. Мора да поминеме низ тоа, да издржиме се и да се избориме за животот. Украина мора да победи и ќе победи, дециден е Зеленски.
На крајот од обраќањето Зеленски соопшти дека го потпишал указот за доделување награди на нашите бранители. На 189 војници им беа доделени државни награди. 158 се припадници на Националната гарда, од кои 21 постхумно. 26 граничари, од кои двајца постхумно. Тројца полицајци, од кои двајца постхумно, како и двајца вработени во Државната царинска служба, од кои едниот постхумно.
Подготви: Д.Мишев