• Latest

Оџаклиеска: Регионалните депонии треба да претставуваат одржлив систем за управување со отпад

August 19, 2022

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Оџаклиеска: Регионалните депонии треба да претставуваат одржлив систем за управување со отпад

August 19, 2022 14:19
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ  на тема „Зелени перспективи: отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, зборуваше за регионалните депонии, Законот за заем, соработката меѓу институциите и општините, како и за свесноста кај граѓаните за чиста животна средина ослободена од отпад.

 

„Министерството за животна средина и просторно планирање донесе шест законски акти во сферата на управување со отпадот, кои добија поддршка од мнозинството пратеници во Парламентот и со нив воведуваме нов процес за циркуларна економија или искористување на отпадот како суровина. Се работи за пет регионални депонии затоа што за Североисточниот и Источниот регион веќе сме во некоја понапредна фаза, таму се обезбедени средства од ИПА-2 програмата. За овој заем станува збор за изградба на регионални депонии во југоисточниот, Југозападниот регион, во Пелагонискиот, Вардарскиот и во Полошкиот регион. Јас се надевам дека ќе добиеме поддршка од општините. Сметам дека мора да има блиска соработка меѓу централната и локалната власт во однос на изградбата на регионалните депонии“, изјави Оџаклиеска.

Регионалните депонии треба да претставуваат одржлив систем за управување со отпад кој треба да го реши расфрланиот отпад што го среќаваме наоколу.

„Јас ги поддржувам сите еколошки акции за собирање на отпад. Тоа е добро и треба да ги има. Но уште подобро е да се воспостави систем и тој да функционира. Големата количина на собран отпад во одредена акција, не покажува нешто позитивно, туку покажува дека има слабост, дека нема систем што функционира. Затоа е важно, општините, откако ќе се исчистат локациите, да им се даде намена или нова содржина на просторот за да не прераснуваат повторно во диви депонии. Во периодот што следи мора да се зајакнат капацитетите на општините и да се спроведуваат законите што ги носиме.

Постои отпор кон изградба на регионалните депонии затоа што граѓаните имаат перцепција дека станува збор за места кои утре ќе прераснат во диви депонии. Регионалниот систем за управување со отпад треба да воспостави ред. При изборот на локацијата се внимава и на економската исплатливост, оддалеченоста на одделните општини од самото место на претоварните станици каде што се предвидува префрлање на отпадот. Неопходно е што поскоро да се започне со изградба на регионалните депонии. Иако законот го дозволува тоа досега МЖСПП, нема одземено ингеренции на некоја општина, ниту на еден градоначалник за постапување со отпад. Но, доколку бидеме во таква ситуација не смееме да дозволиме изградбата на еден ваков регионален систем да  зависи од еден личност која што е четири години на власт, а станува збор за долгогодишно управување на отпадот

Ние мораме да размислуваме отпадот што го имаме кај нас го вклучиме како производ. Податоците што ги имаме не одговараат на реалните состојби и мислам дека треба да се поработи на подобра евиденција на количините на отпад кои се рециклираат и кои повторно се употребуваат“, вели Оџаклиеска.

„Сметам дека нашите граѓани се свесни. И мене како човек ми смета кога ќе видам неуреден простор околу местото каде живеам. Граѓанските здруженија се доста гласни по оваа тема и тие помагаат за подобро спроведување на зелените политики. Животната средина е стил на живеење, не е само политика и мислам дека граѓаните се свесни и знаат што бараат“, истакна заменик-министерката.

Б. Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ