• Latest

Пратениците се враќаат на работа, широка можност за поставување на фотонапонски електроцентрали, учениците ќе имаат материјали за учење од 1 септември

August 30, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пратениците се враќаат на работа, широка можност за поставување на фотонапонски електроцентрали, учениците ќе имаат материјали за учење од 1 септември

August 30, 2022 16:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Им заврши одморот на пратениците, од денеска се враќаат на работа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес, во присуство на потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата, ја одржа првата редовна координација по летниот колективен одмор.

На истата информираше дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието на Република Северна Македонија за овој месец. Дополнително, претседателот Џафери ги информираше присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом.

-Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови. Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници, се посочува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Имајќи предвид дека сме во енергетска светска криза, како Министерство правиме напори секој граѓанин да може да постави фотонапонски електроцентрали на своите објекти. На денешната владина седница поминаа овие измени во однос на поедноставни процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривата на домаќинствата и стопанските објекти, а сакам да апелирам до сите пратеници проактивно да се вклучат и да ги изгласаат овие законски измени веќе на следната собраниска седница, порача на денешната пресконференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

За сето ова, како што истакна Бочварски, на граѓаните нема да им биде потребно одобрение или решение од општината.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

ОБРАЗОВАНИЕ Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.

СОРАБОТКА Солидарноста и соработката во моменти на енергетска криза, подготовките за претстојната зимска сезона, реализацијата на заеднички проекти во изградбата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалната енергетска безбедност се клучни задачи за сите земји членки на иницијативата „Отворен Балкан“, се согласија на денешната онлајн средба претставници на Министерството за рударство и енергетика на Србија, Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија и Министерството за економија на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

ДИПЛОМАТИЈА Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир.

БЕЗБЕДНОСТ Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО – ефикасни дигитални алатки на МВР во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување оружје, а кои се во насока на обезбедување дигитализација и унапредување на оперативните процеси, како и побрза институционалната размена на информации, согласно европските стандарди, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста рече дека доколку сакаат да преживеат, време е припадниците на руската војска да бегаат, пренесува Гардијан.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

„Ќе нема струја, ама ќе има свеќи, ќе нема телефони, ама ќе мора да се дружиме и да разговараме. Ќе нема струја за загревање на цел стан, ќе загреваме една просторија и ќе бидеме поблиску. Ќе се караме, ама тоа го правевме и досега во големите простории, сега барем ќе се караме од блиску. Ќе си легнуваме во незагреани соби и ќе мора да спиеме поблиску, а тоа отвора низа на теми за кои може и друг пат да се пишува. Значи во секоја лоша состојба мора да се најде и нешто за задоволство. Италијаните имаат еден филм што се вика „Ла вита е бела“, а ние си ја имаме нашата изрека – сиромав човек жив ѓавол е“, пишува Војо Маневски во колумната „Стабилизација како судбина“.

Џабир Дерала

„Руската пропаганда во македонските медиуми останува силна, а јавноста постојано се „бомбардира“ со руски пропагандни пораки и дезинформации.

Пример за тоа се првите часови од офанзивата вдолж јужната линија на фронтот каде што, на 29 август, украинските сили започнаа офанзива за ослободување на регионот Херсон од руска окупација. Вестите за украинската офанзива ги преплавија интернет медиумите во попладневните часови, на 29 август. Беше тоа ретка прилика да се забележат наслови во кои не доминираат руски извори, констатираа колешките и колегите од мониторингот на Цивил.

Сепак, тоа траеше кратко. Околу еден час подоцна, осамнаа насловите во кои доминираше пропагандната порака од Москва: „Украинската контраофанзива пропадна“. Тие за кратко време го преплавија интернет просторот и останаа доминантна вест од Украина до крајот на денот“, пишува Џабир Дерала во текстот „Украинската офанзива и руската информативна контраофанзива“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ