• Latest

Триесет години германско-македонска соработка и инвестиции

August 31, 2022
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Триесет години германско-македонска соработка и инвестиции

August 31, 2022 12:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По повод триесетгодишнината од германско-македонската соработка, вчера, во организација на  Германската банка за развој (КфВ) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), со поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија беше организиран целодневен настан за новинари и медиумски работници на кој беа презентирани дел од успешните реализирани проекти.

Во рамки на настанот беа посетени две локации. Првото место кое го посетивме беше паркот со ветерници во Богданци – eден од најзначајните проекти кои КфВ ги има поддржано, а во сопственост на АД ЕСМ чија изградба е финализирана во 2014 година. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50MW инсталирана моќност. “, истакна директорот на КфВ во Северна Македонија г. Мориц Реме.

Реме истакна дека е горд на овој проект во Македонија, истакнувајќи дека ова не е само прв ветерен парк во Македонија и  прв во регионот, туку е и показател за тоа дека во нашата држава може да се обезбедува струја на ветерен погон. Истовремено, тој истакна дека оваа инвестиција помага и во руралниот развој со креирање на нови работни места за локалните жители, кои, како што истакна, со предходни обуки, се ангажирани како техничари на работа во ветерниот парк.

Германската амбасадорка Анке Холштајн, Морис Реме -претставникот на КфВ и претставникот на ЕСМ, Ардијан Муча во ветерниот парк во Богданци.

Според Ардијан Муча од ЕСМ, во тек се подготовките за втората фаза за прожирување на ветерниот парк во Богданци со уште 3 нови турбини. Во моментов тече тендерската процедура за избор на изведувач, а изградбата на новите три турбини  се очекува да почне идната година. Во моментов постоечките 16 исталирани турбини обезбедуваат струја за 16000 домаќинства, а со новите турбини се очекува овој број да се зголеми.

За проширување на ветерниот парк во Богданци германската банка за развој КФВ обезбеди дополнителни финансии во висина на 18 милиони евра.

Брифинг на германската амбасадорка Анке Холштајн за време на патувањето

За време на патувањето, амбасадорката на Сојузна Република Германија,  Анке Холштајн ги претстави германските организации кои веќе 30 години работат во државата и информираше за приоритетните области на дејствување кон кои тие се насочени.

„Во Северна Македонија активностите на ГИЗ се насочени кон поддржување на државата на патот кон Европската Унија преку различни проекти и иновативни пристапи кои се во согласност со Агендата 2030 и целите за одржлив развој“, истакна амбасадорката Холштајн.

Во однос на развојната банка КфВ таа истакна дека најголемиот дел од портфолиото на КфВ е во секторите обновлива енергија и енергетска ефикасност, наводнување, општинска инфраструктура како и финансискиот сектор.

Панел дискусија за проектите поддржани од ГИЗ во ВВ „Тиквеш“

Второто место кое го посетивме беше винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци каде се одржа кратка панел дискусија за поддршката и развојот на руралните подрачја и за проектите поддржани од ГИЗ. За време на дискусијата се обрати и директорот на ГИЗ во Северна Македонија, г. Давид Оберхубер кој истакна дека во моментов Германија преку ГИЗ поддржува повеќе од 15 проекти во Северна Македонија и регионот кои се фокусирани нa добро владеење и демократија, животна средина и климатски промени, и економски развој и вработување.

Беа претставени проекти на Националната мрежа за рурален развој поддржани од  ГИЗ. Извршено е мапирање на сите „зелени“ компании во Западен Балкан, со кое Националната федерација на фармери помага да се зголеми женското учество и сопственишто во земјоделските стопанства, во кое сега има само 5 отсто жени – сопственици на имот во руралните средини. Со финансиска помош од ГИЗ,  создадена и онлајн платформа со која малите земјоделци  своите производи ќе ги пласираат ирекно до крајните купувачи.

Од страна на здружението „Слоу фуд“, поддржано од ГИЗ, изготвена е мапа на гостилници во Макдеднија во кои се нуди автентично зготвена храна од традиционалната македонска кујна.

Со поддршка на ГИЗ во моментов се работи на проектот за препознавање на македонското вино во светот според географското потекло и винските региони во земјата. Од најголемата винарија „Тиквеш“ посочија дека иако добиваат медали за квалитет на светски реномирани саеми за вино, тоа не се рефлектира на географската претпознатливост на нашите вина.

На самиот крај амбасадорката Холштајн ги покани претставниците на медиумите, како и сите заинтересирани граѓани да го посетат отворениот настан на 17 септември, кој ќе се одржи во градскиот парк во Скопје од 12:00 до 16:00 часот. За време на настанот амбасадата на Сојузна Република Германија и останатите германски организации ќе ја претстават својата работа и проекти со цел да се одбележи 30 годишнината од германско-македонската соработка.

Д.Мишев

 

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ