• Latest

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

September 2, 2022
Фотографија: Скриншот

Лосон: Ова не е партнерство само на хартија, туку на споделени вредности, но олеснување на визниот режим не е дел од договорот

May 17, 2025

Заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на владата за продолжување на брзите депортации според воен закон од 1798 година

May 17, 2025
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

ЕК најави нова стратегија против дискриминацијата поради сексуална ориентација и родов идентитет

May 17, 2025
Фотографија: Укриноформ

Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

September 2, 2022 12:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ во Белград. Свои поздравни обраќања имаа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Премиерот Ковачевски зборуваше за важноста на регионалната соработка на патот кон Европската Унија, особено во услови на светски превирања и економско-енергетска криза.

Во продолжение обраќањето на премиерот Ковачевски во целина.

„Зближувањето е почеток, останувањето заедно е напредок, a соработката е успех.

Оваа оценка од пред два века, на светски познатиот американски индустријалец и пацифист, Хери Форд – ние денес можеме да ја потврдиме. Бидејќи, нашето зближување, останување заедно и соработка е моторот што ќе не движи напред низ предизвиците на претстојната зима, за којашто е загрижен целиот свет.

Денес е повеќе од јасно дека Северна Македонија, Албанија и Србија со иницијативата Отворен Балкан, го направија вистинскиот чекор, во клучен момент.

Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка, на патот кон Европската Унија.

Заедно, низ конкретни чекори, се посветивме на олеснувањата за слободно движење на луѓе, стоки, трговија и услуги.

Ги градевме добрососедските односи и довербата како пријателски држави, додека некои анализираа дали оваа соработка може да нè дефокусира од европскиот пат.

Ама ние верувавме дека го правиме потребното за нашите граѓани и нашите држави, токму на европски начин – преку унапредување на регионалната соработка, како што функционираат и државите во Европа.

И денес, оваа соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија во рамките на Отворен Балкан, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси за нашите граѓани, во услови кога сите држави во светот прават напори за справување со последиците од војната во Украина и пандемијата.

Со договорите што ќе ги потпишеме на овој Самит, ќе се обврземе за достапност на храната до нашите граѓани. Прво меѓу себе да си помогнеме, секаде каде што е потребно, а потоа ќе пласираме кон други земји – како што доликува на добри соседи – како што функционираат сите држави во светот.

Ќе си помагаме меѓусебно, во случај на прекин на снабдувањето со храна, како последица од глобалната криза, кога која било држава од нас, би се соочила, евентуално, со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар, со основни земјоделско-прехранбени производи.

Нема да имаме забрани за нивно тргување. Ќе овозможиме нивен стабилен и непречен проток, без никакво ограничување. За многу различни, основни, неопходни производи како пченката, пченицата, брашното, млекото и млечните производи, шеќерот, маслото итн.

Ние како Влада, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе намениме средства за Интервентен фонд со којшто го помагаме и стимулираме зголемувањето домашното производство на основните прехранбени земјоделски производи – и во наредниот период ќе останеме фокусирани кон оваа цел. Но, секако дека соработката што ќе ја договориме на овој Самит, во делот на меѓусебната солидарност и олеснување ако се земат предвид состојбите со недостигот на храна во глобални размери.

Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за економија и другите ресорни министерства, работи и на ставање во функција на сите енергетски потенцијали во нашата држава, во заложбите за справување со енергетските состојби. Ги активираме хидропотенцијалите, мотивираме употреба на обновливите извори на енергија, како што е поставувањето фотонапонски панели – за што пред два дена ги олеснивме процедурите, по укажувањата од компаниите и граѓаните, а предвидена ни е и финансиска поддршка на потрошувачите на енергија од ранливите категории граѓани.

Добро е што на овој Самит разговараме за можностите за соработка и во областа на енергетиката. Постојат потенцијали за развој или рехабилитирање на интерконекциските врски, за зголемување на можностите за електроенергетска размена и за соработка во делот на изградба на фото напонски централи, ветерни паркови и централи за добивање на електрична енергија од биомаса и биогас. Предлагаме да се оствари соработка меѓу српската берза на електрична енергија и македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија (МЕМО), со цел да се подобрат условите за меѓугранична трговија со електрична енергија. А, во натамошниот период, треба да се интензивираат и активностите за реализација на гасната интерконекција со Република Србија.

Веќе потпишавме договор за соработката во заштитата од катастрофи за Западен Балкан, со цел доброволно обезбедување помош во случај на катастрофи, за да можат државите да си помагаат една на друга, согласно расположливите капацитети. Но, добро е што на овој Самит ќе потпишеме договор и за оперативен план за справувањето со катастрофи, со којшто ќе овозможиме олеснување на процедурите и скратување на времето потребно за распоредување помош, таму каде што е најпотребна и интензивирање на соработката во превенцијата и намалувањето на ризиците од катастрофи.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности меѓу трите држави ќе поттикнеме инвестиции во кинематографскиот и аудиовизуелниот сектор и ангажирање на уметници и филмски професионалци од Западен Балкан, со тоа што ќе го олесниме поврзувањето меѓу нив. Тоа ќе овозможи нови извори на финансирање на уметниците и културните работници.

Ова поврзување, исто како што го направивме тоа со вчерашниот саем за производителите на вино и производи од дестилација и за туристичките работници – овозможува окрупнување на нашата понуда кон европските и светските пазари, а со тоа и поголема конкурентност и реални шанси за придонес во организирањето на егзистенцијата на вработените и ангажираните граѓани, во различни области.

Ако секој поединечно правевме ваков саем тогаш тие саеми немаше ни да се одржат. Меѓутоа толкав број на излагачи на вино и дестилати на едно место е можно само доколку сите го направивме саемот заедно.

Иницијативата на Северна Македонија, Албанија и Србија, Отворен Балкан се покажа и функционална и европска!

Ја развиваме низ политиката на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан, како што се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, со цел единствен пазар без граници и интеграција во Европската Унија.

Драго ми е што денес се присутни тука и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција и се надевам дека многу скоро ќе ни се придружат и претставници на Италија и Грција.

Но, Отворен Балкан се покажа и неопходен. Сме и ќе бидеме во интензивна регионална соработка, бидејќи – ќе завршам како и што почнав: Ако сами ги подготвиме енергенсите тоа два пати ќе не загрее, како што констатирал и Хенри Форд.

А, ако ние успееме да сме добри за нас, тогаш сигурно ќе бидеме добри и за Европа и за светот.

Сакам да завршам со адресирање на едно прашање кое го гледаме цело лето на границите меѓу Србија и Северна Македонија, помеѓу Северна Македонија и Албанија. Ние сме веројатно единствениот регион во светот особено во Европа кој има граници меѓу себе и јас никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кои меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансираат проекти за унапредување на граничното управување и затоа сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување не само на административните бариери на границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија туку и комплетно кревање на рампите и правење на регион којшто 100% комуницира меѓу себе по сите основи“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ