• Latest

(ВИДЕО) Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

September 7, 2022
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
Илустрација: ВИ

Од ноќеска на полноќ до 19 часот утре траат правилата за изборниот молк

October 18, 2025

На осмите локални избори што ќе се одржат утре, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје

October 18, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Да гласаме достоинствено, со мир и одговорност

October 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ВИДЕО) Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

September 7, 2022 13:02
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на НАТО конференција за комуникатори што се одржува во Скопје.
На почетокот, тој се заблагодари за поканата за денешново обраќање. и истакна дека занего, глетката на оваа мрежа од над 300 НАТО комуникатори е очигледен клуч на успехот на стратешките комуникации на Алијансата.

Премиерот нагласи дека, за нас, како најнова членка на НАТО, ваквите настани се од исклучителна важност, бидејќи тие го детерминираат нашето понатамошно внатрешно организирање и делување во полето на стратешките комуникации.

Тој посочи дека, како НАТО членка, посветено придонесуваме кон колективната безбедност. Тоа е видливо низ изминатава година преку сите преземени активности, без разлика дали е помошта и поддршката за Украина, воените вежби Брз одговор 22 или Блесок 22 итн.

Но, нагласи Ковачевски, воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме што поблиску и што поточно до граѓаните. Од комуникациите и од нашата отвореност зависи дали и како граѓаните ќе разберат на кои начини работиме секојдневно на зачувување на нивната безбедност.

Според премиерот, иако во безбедносните кругови понекогаш преовладува мислата дека кога во јавноста нема дискусија за безбедноста, значи дека безбедноста си ја врши работата, сепак јас лично не се согласувам со таа теза. Сметам дека во ерата на дезинформациите и хибридните напади, токму стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата и доспевот на точните и проверени информации до граѓаните, наспроти дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв.

Воената инвазија врз Украина од страна на Русија, и огромниот наплив на дезинформации околу истата, ни покажа дека комуникациите може да имаат сериозно раздорно влијание и против таквото влијание мора да се бориме. Точно е дека Украина во овој момент одлично се справува со информациската војна, за што од сите нас имаат поддршка, но токму таа информациска војна ни покажува колкава е улогата на комуникациите во стабилноста на една земја и еден регион, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста од денеска. Безбедносната криза со која се соочува Европа и светот, како и во информациската сфера преку сајбер безбедноста и хибридните напади, покажува дека сите ние без разлика дали како членки на НАТО или како европски, и уште повеќе балкански земји, ќе мора да продолжиме со интензивниот фокус на ова поле.

Дозволете како прв претставник на Владата, да истакнам дека борбата со дезинформациите е приоритет на кој работиме и крос-секторски во Владата, но и партнерски со медиумските и граѓанските кругови. Само здружениот општествен пристап може да биде одговор, бидејќи проблемот со хибридните дејствија е сложен и влијае на целото општество, реќе Ковачевски.

Ковачивски посочи на владините и министерски комуникатори, кои воспоставија систем на транспаретност во кој точните проверени информации се лесно достапни и кои се ресурс во борбата со дезинформациите на дневно ниво. Воспоставениот стандард и репутација на отвореност и транспарентност ги прави дезинформациите лесно демантирани, а нивните ширачи дискредитирани. Ваквата проактивност помага во намалување на ширење на дезинформациите.

Голема е одговорноста за ова на сите вас, но јас сум уверен дека сите вие сте на висина на задачата и дека успешно одговарате на сите предизвици, истакна Ковачевски.

Крајот на обраќањето го заврши со сличната мисла со која и почна.

Како НАТО членка, се водиме по Новиот стратешки концепт, и работиме на најважното претставување на сработеното внатре во Алијансата, а тоа е говорењето во ист глас. На сите нас 30 членки. На сите нас над 300 во просторијава. Тоа е единството и силата на Алијансата, нагласи Ковачевски накрајот од обраќањето при што поака успешни и плодни денови работа, и изрази надеж дека од оваа конференција ќе произлезат одлични идеи и резултати кои ќе ги чуеме наскоро.

 

М.Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ