• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Winter is coming

September 12, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Winter is coming

Доаѓа зима... и за Путин.

September 12, 2022 08:46
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Winter is coming (Доаѓа зима)… Оваа злокобна реченица е насловот на првата епизода на култната ХБО серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones).

Како што изминуваше летото, оваа реченица сѐ повеќе ја употребуваат и руските пропагандисти. Европската зависност од рускиот гас и други енергенси се последица од алчноста за профит и самоиндуцираното политичко слепило за тоталитарните и воинствените политики на Путин. Слепило што трае веќе две децении. Европските држави го спуштија гардот и дозволија Путин да ги навлече на ниските цени што ги понуди за руските природни ресурси и енергенси. Но заедно со ниските цени, дојде и високата политичка цена.

Руските енергенси се дел од „арсеналот“ на Путин

Европските политичари западнаа во долг дремеж, додека руските енергенси прераснаа во важен дел од „арсеналот“ на Путин за водење хибридна војна против Западот. Кога Путин ја нападна Грузија во 2008 година, тие малку се подразбудија, но Путин ги погали по образот, по што продолжија со својот романтичен дремеж. Втората војна во Чеченија (1999-2000), што се совпаѓа со почетокот на владеењето на Путин, речиси и не ја забележаа.

Некои западни политичари, заедно со човекот со студена насмевка, во тоа време се прашуваа и дали НАТО воопшто има смисла да постои. Путин беше редовен гостин на самитите на НАТО. Кога во февруари 2014 година Путин ја нападна Украина, Европа се разбуди, но остана мамурна цели осум години, сѐ до почетокот на целосната агресија против Украина, 24 февруари 2022 година. За среќа, САД беа будни во критичниот момент и сега се лидери во испораката на воена помош за Украина.

Гасот и нафтата за Путин се оружје на војната, со кое се бори против санкциите и против политичката и воената помош на Западот за Украина. Сега, изразот „доаѓа зима“, освен пропагандна, стана и реална стратешка закана за Европа. Но дали е навистина така?

Русите во Украина се „докажаа“: Крадци и крволочни манијаци, садисти и убијци

Се чини дека од сето оружје што го употреби во крвавата агресија против украинската нација, само војската и оружјето му се слабите точки. Сѐ друго, уцените, шпионажата, сајбер нападите и пропагандата му функционираат барем малку подобро. Војската, паравојската и приватните армии на Путин, се докажаа како крадци и крволочни манијаци, садисти и убијци во „пресметката“ со цивилното население.

Рашистите докажаа и дека поседуваат крајно низок борбен морал и уште пониско ниво на воени вештини. Нивната воена стратегија е стара еден век, голем дел од оружјето е од ерата на Советскиот Сојуз.

Офанзива за ослободување на Украина

Но затоа покажаа дека знаат панично да бегаат оставајќи ги дури и конзервите од својот оброк незавршени, кога ќе се соочат со храбрите Украинки и Украинци кои започнаа офанзива за ослободување на својата земја на 29 август. За само неколку дена, на украинските сили им успеа да ослободат десетици илјади квадратни километри, неспоредливо повеќе и побрзо отколку што на Русите им беше потребно да ги окупираат. И сето тоа со само една десетина од тоа што на украинските сили им е потребно навистина да дадат сразмерен воен одговор на руската агресија.

Путин ја изгуби војната веќе првиот ден

Повеќепати напишав изминатите 200 дена од руската агресија, но добро е постојано да се мисли на тоа: Путин ја изгуби војната веќе првиот ден, со очигледната бруталност и терор врз цивилното население, бидејќи тој не прави разлика меѓу воени и цивилни цели. Неговите рашистички пропагандисти повикуваат на истребување на украинската нација и велат дека Украинците не се луѓе и дека не постои украинска држава, јазик и идентитет. Сега и неговата закана „Доаѓа зима“ нема да вроди со плод.

Долга и студена зима… и за Путин.

Европа ја издржа пандемијата. Се прилагодува на климатските промени. Ќе ја издржи и „долгата студена зима“ со која се заканува Путин. Во Германија забрзано се градат капацитети со монументални димензии за трансформација на енергетските капацитети. Истото се случува во голем дел од големите демократии. НАТО се проширува и зајакнува. Пропагандата на Путин покажува сѐ послаби резултати (освен на Балканот).

Затоа, кратковида е заканата со зимата. Зимата ќе биде долга и студена и за Путин. За него зимата започна многу порано отколку онаа со која тој самиот се заканува. Впрочем, украинската офанзива е и почеток на зимата за Путин и неговиот рашистички режим.

Можеби е време за руските прогресивни сили да ги напуштат кафулињата во Берлин, Виена, Прага, Белград и каде сѐ не избегаа од режимот на Путин, па да се фатат за работа. Одамна им стои домашната задача незавршена – да ја ослободат Русија од јаремот на диктаторот и воен злосторник, Путин. Храбрите Украинки и Украинци веќе им завршија голем дел од таа задача.

Но да не бидеме претерани оптимисти. Навистина, доаѓа зима, долга и студена. Преполна со изненадувања и пресврти.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ