• Latest

Почна скринингот, преговорите со ЕУ се отворени, Арсовска ги фати директорчињата на Мицкоски со „рацете во мед“, Руската Федерација пред распад

September 15, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Почна скринингот, преговорите со ЕУ се отворени, Арсовска ги фати директорчињата на Мицкоски со „рацете во мед“, Руската Федерација пред распад

September 15, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија.

„Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот“, истакна Ковачевски.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Арсовска: Ти го фатив директорчето со рачињата во мед, Мицкоски никогаш нема да излезе од тендер-матрицата

„Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие. Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. 

Поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, објави видео со честитка по повод Денот на демократијата.

„Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата, 15 септември. Денес имаме владеење на народот. Денес одлучуваат тие кои гласаат. А, не оние кои бегаат. Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество“, порача Заев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме.

ПРАВДА Иницијатива за распишување референдум има прилично правни аномалии, недостатоци што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, потенцијална, каква и да е, изјави денеска министерот за правда, Никола Тупанчески.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска и врачи орден „Јарослав Мудриот“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која беше на посета во Кијив.

*

Катастрофалните загуби на Кремљ во Украина може да резултираат со колапс на Руската Федерација
Станува сè појасно дека Украина ќе победи во оваа војна и дека Кремљ се соочува со историска криза на доверба. Навистина, сега верувам дека е вистинска можност откриените слабости на Владимир Путин да се толку сериозни што можеби ќе бидеме сведоци на почетокот на крајот – не само на неговиот режим, туку и на самата Руска Федерација, пишува Бен Хоџис за лондонски Телеграф.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во објава на Телеграм изјави дека секој ден патот кон враќањето на сите привремено окупирани украински територии е се почист.

*

Автомобилот на украинскиот претседател Зеленски се судри со возило во Киев во средата, но не се здоби со поголеми повреди, објави прес секретарот Серхиј Никифоров на Фејсбук. Никифоров додаде дека полициските службеници ја истражуваат несреќата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Оваа година, се навршуваат 15 години откако светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи. Оваа година, Денот на демократијата ќе се фокусира на важноста на слободата на медиумите за демократијата, мирот и исполнувањето на целите за одржлив развој.

ЦИВИЛ им го честита Меѓународниот ден на демократијата на сите граѓанки и граѓани во земјата и во светот, со повик за почитување на начелото за владеење на демократијата и правото, и порачува дека декларациите за демократски свет треба час поскоро да се претворат во дела.

*

Книгата на жалост по повод смртта на Кралицата Елизабета II во Британската амбасада Скопје, која беше отворена во петок, на 9 септември ќе биде достапна до четврток, 15 септември од 10.30 до 14.00 часот. Во книгата на жалост пораки на сочуство испратија и претставници на Цивил – Центар за слобода.

*

ЦИВИЛ ја продолжува серијата настани Зад димната завеса: Со референдумот, или на него со панел дискусија што ќе се одржи на 16 септември (петок), со почеток во 13 часот, во Прес студиото на организацијата.

Учесници на панелот ќе бидат Благојче Атанасовски, политиколог, и Зоран Димитровски од Демократски сојуз, а настанот ќе го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Експлицитен говор на омраза кон претседателот Пендаровски – „Да легне до кралицата и заедно да ги затрупаат“

Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи од „топлиот, мирољубив и гостопримлив“ македонски народ по објавувањето на веста дека претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ