• Latest

ЕК предлага делумна суспензија на ЕУ парите за Унгарија, треба зелено светло од Советот

September 18, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК предлага делумна суспензија на ЕУ парите за Унгарија, треба зелено светло од Советот

September 18, 2022 16:13
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот за делумна суспензија на фондовите за Унгарија поради непочитување на владеењето на правото ја презентираше денеска во Брисел еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан. Имено, одлуката за суспензија на парите се носи поради тоа што Комисијата процени дека нетранспарентноста и корупцијата во Унгарија го загрозуваат заедничкиот буџет на ЕУ и со тоа парите на европските даночни обврзници, јавува МИА од Брисел.

Конкретно, ЕК го предлага следното: суспензија на 65 отсто од кохезивните фондови предвидени за Унгарија и забрана за склучување легални договори со ентитети од јавен карактер. Според проценките на Комисијата ова претставува околу 7,5 милијарди евра или третина од кохезивните фондови за Будимпешта.

По повеќемесечна анализа и разговори со унгарската Влада, ЕК дојде до заклучок дека буџетот на ЕУ останува загрозен поради сомнежите за корупција пред сè во делот на јавните набавки.

Во следните денови предлогот ќе му биде доставен на Советот на ЕУ, односно земјите членки, кои треба да го усвојат со квалификувано мнозинство. Советот има еден месец да ја усвои оваа санкција, но може да побара и пролонгирање од дополнителни два месеца.

Запрашан зошто се дава толкав рок на Советот, Хан одговори дека во патоказот договорен со унгарската Влада се предвидуваат 17 клучни елементи за исполнување на условите на Европската Комисија – на Будимпешта и е потребно време.

Еден од условите, со кој со согласи унгарската Влада, е воспоставување на посебно тело за интегритет, кое ќе има задача да врши надзор врз контроверзните процеси. Уште еднаш јавноста бара одговори како Брисел може да биде сигурен дека ова тело ќе функционира независно и непречено со оглед на нивото на корупција во Унгарија, и фактот што Европскиот Парламент пред неколку дена ја прогласи Унгарија за нецелосна демократија со авторитарни тенденции.

– Важно ќе биде да видиме како ќе биде составено ова тело, само луѓе кои не биле членови на политичка партија во последните пет години или немале политички мандат во последните пет години смеат да членуваат, можат да бидат назначени само еднаш за шест години, рече Хан, нагласувајќи дека Комисијата од блиску ќе го анализира составот на ова тело за интегритет.

Прашања се отворија исто така околу тежината на санкцијата: зошто само една третина од кохезивните фондови, а не сите три третини? На ова еврокомесарот за буџет се повика на одлука на Европскиот суд за правда кој побара мерките на Комисијата да бидат „пропорционални и соодветни“. Оваа судска одлука произлезе од предмет поднесен од страна на Полска и Унгарија пред Судот. Истата таа одлука оцени и дека во случајот на Полска не може да се воспостави директна врска со буџетот на ЕУ, поради што Полска, за разлика од Унгарија, е поштедена од вакви санкции за сега.

– Овој механизам на условеност беше предизвикан пред судот од страна на Унгарија и Полска и Европскиот суд за правда донесе јасна одлука дека регулативата е во согласност со Повелбата, но и детално етаблира јасни цели кога ова може и треба да се примени, и дека треба да има доволно јасна врска со ризикот за европскиот буџет. Во случајот на Полска, иако видовме дека има проблеми со независноста на судството, нема доволно докази за поврзаност со европскиот буџет. Прашањето за независноста на судството може да се третира со други алатки, рече Хан.

Предлогот треба да му се достави на Советот на ЕУ до 22 септември.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ