• Latest

Светот се збогува со Кралицата Елизабета Втора, Ковачевски – Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик, пандемијата е завршена

September 19, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Светот се збогува со Кралицата Елизабета Втора, Ковачевски – Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик, пандемијата е завршена

September 19, 2022 16:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Обединетото Кралство и светот се збогуваат со Кралицата Елизабета Втора

Изутринава во 6:30 часот заврши поворката покрај ковчегот на починатата Кралица Елизабета Втора, а граѓани уште од рано изутрината излегуваат на улиците на Лондон за да го проследат државниот погреб, на кој се дојдени и околу 500 државници од целиот свет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Ковачевски: Никогаш ниту сум избегнувал ниту сум бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат. 

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Синоќа руски војници отворија оган врз индустриската локација на Нуклеарната централа во Јужна Украина (НПП). Непријателскиот проектил го погодил подрачјето оддалечено 300 метри од реакторите, објави Националната компанија за производство на нуклеарна енергија на Украина Енергоатом на Телеграм.

„Во 00:20 часот, на 19 септември 2022 година, руската армија изврши ракетен напад врз индустриската локација на нуклеарната централа Јужна Украина. Силна експлозија се случи на само 300 метри од реакторите на нуклеарната централа во Јужна Украина“, се наведува во извештајот.

*

Тројца цивили загинаа во руското гранатирање на регионот Доњецк на 18 септември, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

„На 18 септември, Русите убија тројца цивили во регионот на Доњецк: во Торецк, Јахидне и Бохородихне. Уште осум лица беа повредени“, напиша тој.

Севкупно, 861 цивил се убиени и 2.161 повредени во регионот на Доњецк од почетокот на целосната инвазија.

СВЕТ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа.

– Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот.

*

Војната му донесе многу неволји на целиот свет, затоа е време земјите да се обединат за мир, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во објава на својот Фејсбук профил.

„За да се стави крај на војната, потребен е итен прекин на огнот и мировни преговори“, напиша Сијарто, додавајќи дека за ова нема поширока и посоодветна платформа од Обединетите нации.

*

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија, што е негова најексплицитна изјава досега за ова прашање. Запрашан во интервјуто на CBS „60 минути“ дали американските сили ќе го бранат демократски управуваниот остров за кој претендира Кина, тој одговори:

„Да, ако всушност има напад без преседан“.

*

Екологистите планираат правна постапка против новите правила на Европската унија кои ги нарекуваат идните инвестиции во нуклеарните централи и гасната инфраструктура еколошки, се вели во денешното соопштение. Група еколошки организации, вклучително Гринпис, ВВФ и германскиот БУНД, ја повикаа Европската комисија да ги преиспита правилата и да ги повлече.

РЕГИОН 

Денеска истекува рокот до кога претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, треба да го соопшти името на мандатарот за состав на новата влада, по предлог на 41 пратеник. Доколку на Ѓукановиќ не му биде доставен предлог за мандатар, најверојатно ќе побара скратување на мандатот на парламентот.

*

Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека САД се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица и оти американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание. Тој во интервју за Д Павловиќ Тудеј (The Pavlovic Today) оцени дека корупцијата е генератор на национализам, пренесоа денеска црногорските медиуми.

*

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ. Таа изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИСТРАЖУВАЊЕ Вкупно 50,4 отсто од испитаниците во Истражувањето спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“ во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“,  сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26,2 отсто сметаат дека е оправдана и прифатлива, што претставува сооднос од 2:1 во однос на првата група.

СОБРАНИСКА КОМИСИЈА Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи во тензична атмосфера, откако пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петковска со процедурални забелешки обвини дека претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска на минатата седница прекршила неколку членови од Деловникот. На тоа Георгиевска образложи оти Комисијата никогаш не го прекршила Деловникот, по што пратениците почнаа да дофрлаат од место. Георгиевска даде пауза, а за продолжението рече оти ќе информира преку службите.

СУДСКИ СОВЕТ Новите членови на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие, како што посочија во изјавата за медиумите, ќе се залагаат за доследно почитување на критериумите при избор на судиите и нивно напредување во судската кариера, како и за севкупно зголемување на довербата во судството

ИЗЈАВА Истокот не е страната која може да ни обезбеди реформи, слободи, права, европски фондови и просперитет, истакнува вицепремиерот Маричиќ во интервју за Локално, во однос на тоа дали земјава може да се „сврти кон Истокот“ и на трошењето на финансиски средства од страна на Русија за влијание на македонската политика, за што обвини министерот за надворешни работи Османи.

САМИТ Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со владината делегација во состав на министерот за надворешни работи Османи, министерот за образование и наука Шаќири, шефот на Мисијата на Република Северна Македонија при ООН Фрчковски и советникот за надворешни работи на претседателот на Владата Адеми, денеска, на 19 септември, во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, ќе присуствуваат на официјалното отворање на Самитот за трансформација на образованието, информираат од Владата.

ЕНЕРГЕТИКА  АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

СЛОБОДНА ЗОНА

Драмолетката со меѓусебните препукувања на релација градоначалничка- кадри на ДПМНЕ на раководни функции во градските претпријатија навлезе во втората недела одсвоето емитување во етерот. Бранот оставки (или разрешувања, во зависност од која страна на довчерашните партнери гледате)  ја бранува јавноста веќе втора недела, додека вербалните напади, прозивки и обвинувања отидоа ниво погоре, во раководните структури, односно директно во врвот, инволвирајќи ги градоначалничката (независна, а поддржана и до скоро и обожувана како најдобра менаџерка, најдобра градоначалничка и уште многу друго „нај“ од ВМРО ДПМНЕ), и лидерот на истата таа ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник („wanna be“ премиер) Христијан Мицкоски, читајте во коментарот на Драган Мишев „Катиљ ферман за Мицко од Будимпешта“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ