• Latest

Започна ГРЕВИО евалуациската посета за напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство

September 26, 2022

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Започна ГРЕВИО евалуациската посета за напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство

September 26, 2022 12:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО,првата евалуaциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција беа поставувани прашања со цел подобро согледување на напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство, информираат од МТСП.

Прашањата насочени кон претставниците на институциите беа во насока на превенција и поголема заштита од насилство, подигање на јавната свест за насилството врз жените и семејното насилство, пријавување на силување, мултиагенциска соработка, финансиски ресурси како и родово сензитивното креирање на политики.

„Со цел соодветен одговор на насилството врз жените и семејното насилство во 2017 година како држава ја ратификувавме Истанбулската конвенција. Започна изработката на Акциски план и ги усогласивме законските регулативи согласно конвенцијата. Во 2018 година донесовме закон за ратификација на конвенцијата. Иако КОВИД кризата ги забави сите процеси во 2021 година донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Во моментот интензивно работиме на неговата имплементација во соработка со другите институции“ рече Тренчевска.

Претставниците од Министерството за труд и социјална политика ги објаснија сите заложби и преземени мерки од страна на институциите задржувајќи се на подигањето на свеста на населението во однос на семејното насилство и родово – базираното насилство.

Препораките и коментарите од посетата ќе бидат дополнително доставени од страна на експертското тело со што институциите ќе добијат соодветни насоки за унапредување и успешна имплементација на Истанбулската конвенција.

Министерката Тренчевска им посака успешна работна недела на присутните и плодна соработка на претставниците на сите релевантни фактори.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ