• Latest

Пендаровски: Руската агресија врз Украина тектонски ја поремети стабилноста на Европа и донесе енергетска криза и безбедносни предизвици

September 26, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Руската агресија врз Украина тектонски ја поремети стабилноста на Европа и донесе енергетска криза и безбедносни предизвици

September 26, 2022 20:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати до учесниците на 13. Меѓународна научна конференција што се одржува во Струга, по повод 45 години високо образование во областа на безбедноста на тема „Образовни предизвици и перспективи за безбедноста“.

Ток на почетокот изрази жачење што не е во можност физички да присуствува на Конференцијата, и истакна дека 45 години работа на една образовна институција е значаен јубилеј, особено за институции во областа на безбедноста.

Пендаровски нагласи дека безбедносните прашања секогаш биле  важна тема, а, сведоци сме дека во времето во кое живееме тие се уште позначајни.

Тој посочи дека не само како претседател, туку и како човек кој професионално во голем дел од својата кариера се бавел со безбедносни теми и проблеми, смета дека е значајно да истакне неколку работи кои се битни за актуелниот геополитички момент во кој живееме ние како држава, но, и светот во целина.

Неизбежно, најактуелно безбедносно прашање на денешнината е руската агресија врз Украина која тектонски ја поремети стабилноста на Европскиот континент кога мислевме дека по падот на Берлинскиот ѕид сме навлезени во период на долгорочен мир и стабилност, истакна претседателот Пендаровски.

Според Пендаровски, уште во 2014-та по анексијата на Крим беше јасно дека пред европската безбедносна архитектура има значајни предизвици, но, реално никој не очекуваше директна воена агресија врз една независна и суверена земја каква што не е видена од завршувањето на втората светска војна.
Ние ја осудивме руската агресија врз Украина и дадовме целосна поддршка на украинскиот народ во одбрана на својата независност која вклучуваше не само политичка, туку и конкретна техничка помош и воена опрема. Споредено со нашите капацитети и големина, припаѓаме во групата на земји кои најмногу ја помогнаа Украина во нивната праведна одбрана од агресијата. Тоа го направивме не само затоа што сме членка на НАТО, туку затоа што веруваме во принципите на меѓународното право кое не дозволува воена агресија на една земја врз друга, рече Пендаровски.
Претседателот потсети дека без двоумење го подржавме и членството на Шведска и Финска во НАТО затоа што веруваме дека на тој начин се засилува безбедноста на европскиот континент, а со тоа и безбедноста на Северна Македонија. Во таа смисла го подржуваме и јакнењето на партнерствата на НАТО и со некои воневропски земји, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, кои споделуваат заеднички демократски вредности со Алијансата и кои се заинтересирани за одржувањето на глобалниот мир и безбедност.
Тој нагласи дека војната во Украина донесе редица предизвици на многу полиња со кои светот, а, посебно Европа мораат да се соочуваат. Најголем предизвик е и допрва ќе биде, вели, енергетската криза, потоа безбедносните предизвици од трети страни или тн. малигни актери кои посакуваат дестабилизација на Балканот, но и растот на инфлацијата, дезинформациите и популистичките реторики кои се засилуваат користејќи го видливиот застој во евроинтеграциите на Западниот Балкан.

-Што се однесува до нашиот пат кон Европа, со големите дипломатски компромиси кои ги направивме во изминатите неколку години, покажавме дека сме сериозни во намерата  да ја реализираме нашата втора стратешка цел. Подготвени сме како држава да ги исполниме сите европски критериуми, и притоа имаме јасни очекувања дека тој наш труд ќе биде реално валоризиран од Брисел. За европските перспективи на регионот зборувам од едноставна причина што никогаш не сум верувал дека е можна долгорочна стабилност на регионот без да станеме дел од проектот на Обединета Европа. Застојот во таа смисла за кој зборувам, и за кој секогаш тврдев дека не е добар за нас веќе го пополнуваат трети страни и, за жал, според сите релевантни истражувања, во голем пораст е евроскептицизмот, како и популарноста на автократските лидери и на популистичките вредности, вели шефот на државата, рече шефот на државата.

Тој истакна дека по агресијата врз Украина на многумина им е појасно колку е значајна евроатланската перспектива и подвлече дека е исклучително значајно таа засилена кохезија и интересот на Европската Унија за регионот да продолжи и по што поскорото, завршување на руската агресија врз Украина.

-После 21 години чекање да станеме дел од Алијанската убедени сме дека членството во НАТО е најголемиот стабилизирачки фактор во регионот и пошироко. Она на што во наредниот период ќе мора многу повеќе да работиме, при тоа мислам и на политичките институции и на безбедносните експерти, се безбедносните ризици кои ни ги носат хибридните закани. Мислам дека на таа тема како земја ќе ни треба исклучително брзо прилагодување. Потребен ни е адаптабилен систем кој брзо ќе фаќа чекор со новите начини на хибридно војување. Тоа подразбира инвестирање не само во средствата за традиционално војување, туку и во најновите дигитални технолошки алатки и во стратешките комуникации неопходни за поголема отпорност кон дезинформациите, порача претседателот  Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ