ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА: СО РЕФЕРЕНДУМОТ, ИЛИ НА НЕГО
ЦИВИЛ ја продолжи серијата настани на тема Зад димната завеса, со референдумот или на него, со извонредни излагања на учесниците Никица Корубин и Ерол Ризаов.
Еднонационален референдум е сериозен подривачки факт во државата кој може да направи големи штети, бидејќи се смета дека потоа по изборите пак со референдумот ќе се одржува тензија и дека ќе се добијат 400.000 до 500.000 гласови (главно во ВМРО-ДПМНЕ) што за нив би било голема победа, посочи новинарот Ерол Ризаов за неодамнешната иницијатива на ВМРО –ДПМНЕ за поништување на договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Република Бугарија.
-Факт е дека после локалните избори ВМРО-ДПМНЕ сака да ја одржи тензијата на таа победа, изедначувајќи ја со парламентарни, па дури и со претседателски избори. Но според мене има една сериозна, па дури би рекол и една опасна работа – што овој Референдум, иако тоа јавно не се кажува, е насочен на еднонационална основа, а тоа е Македонците да гласаат. И на нив не им е многу важно дали тоа ќе успее. Тие знаат дека тој Референдум нема да успее. Важно е да имаат околу 500.000-600.000 гласови, вели Ризаов, кој додава дека таквиот еднонационален референдум е сериозен подривачки факт во државата кој може да направи големи штети, бидејќи се смета дека потоа по изборите пак со референдумот ќе се одржува тензија и дека ќе се добијат 400.000 до 500.000 гласови (главно во ВМРО-ДПМНЕ) што за нив би било голема победа, вели Ризаов.
-Референдумите и занимавањето со анти-европска реторика, во основа е само продолжение или реакција на отпочнувањето на преговорите. Или со други зборови – се она што не успеа да се спречи околу официјалниот старт на преговорите, сега го имаме во форма на референдуми, каде што ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го замаскира во истиот стил и начин, не само со протестите, туку и со сета реторика година наназад, затскривајќи се „зад одбраната на идентитетот“, вели меѓу другото Корубин.
-За жал овие години видовме дека некој глуми дека е за ЕУ, а во суштина излезе дека не се. Референдумите практично го трошат нашето време и ништо повеќе, додава Корубин.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Холштајн: Германија високо го цени ставот на Северна Македонија за осуда на руската агресија
Дозволете ми најпрво да кажам дека Германија исклучително цени што Северна Македонија многу брзо, во првите часови се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија, како и на претходните санкции уште од 2014 година. Од самиот почеток Северна Македонија се придржува на принципите, Парламентот ја осуди агресорската војна, земјата прифаќа бегалци, земјата испраќа оружје, и се приклучува и понатаму кон сите санкции, ги поддржа соодветните декларации во ОН, тоа е став кој ние високо го цениме и сме благодарни за него.
Лично, помислата дека во секој момент, дури и во овој додека ние зборуваме, умираат луѓе во Украина за нашата слобода и нашите вредности, ми е тешко поднослива. Верувам дека во иднина е клучно Европската Унија и понатаму да остане сложна, тоа е предизвик, изјави германската Амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.
-Само кога Европската Унија и сите мирољубиви демократски слободни земји и понатаму останат сложни, цврсто и заедно, можеме заеднички да се надеваме дека оваа војна наскоро ќе заврши, посочи Холштајн.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Во текот на изминатиот ден тројца цивили загинаа, а 12 се повредени поради руската вооружена агресија на територијата на Украина, објави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
*
Рускиот претседател Владимир Путин можеби ќе успее да ги мобилизира 300.000 резервисти за кои вели дека му се потребни за војната во Украина – но од неговата објава, околу 360.000 мажи веќе отпатуваа во Грузија и Казахстан за да ја избегнат оваа судбина, а безброј други се упатија кон други земји. Ова ќе има значително влијание врз руската економија, пишува Политико.
*
Претседателот Володимир Зеленски донесе одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) „во однос на дејствијата на Украина како одговор на обидот на Руската Федерација за анексија на териториите на нашата држава, со цел да се гарантира безбедноста на евроатлантската област, Украина и враќање на нејзиниот територијален интегритет“.
Соодветната уредба бр.679/2022 е објавена на веб-страницата на шефот на државата, пренесува Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, за злоупотреба на службена положба и овластување.
СРЕДБА За денеска попладне е закажана средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. Средбата, како што вчера потврдија од Владата за МИА, е планирано да се одржи во 16 часот.
ОСТАВКА Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците. Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.
КОАЛИЦИИ Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз смета дека во Парламентот нема услови за ново мнозинство, туку дека според него треба да се размислува за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии. Пратеникот, кој доаѓа од Демократскиот сојуз, се смета за дел од мнозинството, но отворено размислува за други опции.
РЕГИОН
БУГАРИЈА Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg.
*
БиХ Поради зголемениот ангажман на фактори од меѓународната заедница за спречување на изборна кражба, националните лидери беа разнишани, со што започна процесот на дефинитивно заминување на „старата гарда“ партиски лидери од сцената, пишува порталот The Bosnia Times.
Единствениот факт што ја услови изборната сензација, а тоа е поразот на Бакир Изетбеговиќ, е верувањето дека изборите биле фер и чесни, односно дека можноста за кражба и манипулација со гласачките ливчиња е сведена на минимум. За тоа придонесе зголемената вклученост на меѓународната заедница, како со присуството на набљудувачи, така и со техничките измени на изборниот закон, наметнати од високиот претставник за БиХ во пресрет на самата изборна кампања, според која манипулацијата на гласачки ливчиња се третира како кривично дело.
ДИСТРИКТ
Ретро ДИСТРИКТ 20: Љубиша Николиќ, Тони Поповски, Ерол Шакири, Даница Стојанова, Џабир Дерала
Љубиша Николиќ: https://civilmedia.mk/nikolik-topkata-e-mojot-zhivoten-znak-a-drugarstvoto-i-humanosta-se-moite-vodilki/
Тони Поповски: https://civilmedia.mk/popovski-se-gushime-vo-urbaniot-anahronizam-no-za-otreznuvane-shansi-ima-ushte/
Даница Стојанова: https://civilmedia.mk/stojanova-mojata-ideoloshka-matritsa-e-umetnosta/
Џабир Дерала: https://civilmedia.mk/derala-mojot-zhivot-e-borba-borba-za-sloboda-za-demokratija-za-ednakvost-za-pravda/
СЛОБОДНА ЗОНА
„Некои аналитичари одлично забележуваат дека во медиумите владее лажен баланс. „Пет минути за Евреите и пет минути за Хитлер“ е бравурозна досетка со која се илустрира лажниот баланс во медиумите.
Да направиме еден чекор понатаму. Не само што се воспоставува лажен баланс меѓу жртвите и злосторниците, туку злосторниците се хуманизираат и оправдуваат, а жртвите со време стануваат виновници за тоа што им се случило.
Злосторниците, во најдобар случај, добиваат „благ прекор“ од креаторите на јавното мнение кои потоа дури и ги охрабруваат злосторниците да продолжат со нивната „добра работа“ во иднина, но да го „коригираат“ своето однесување кон жртвите, но секако да останат брутални во спроведувањето на политиките, бидејќи се „праведни“.“, прочитајте во ЕС- ПРЕСС-О од Џабир Дерала „Медиуми, објективност и мелено месо“.
Д. Тахири