• Latest

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Издржан реформски напредок на земјава кон ЕУ, Северна Македонија посветена на помошта и поддршката за Украина, нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга

October 12, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Издржан реформски напредок на земјава кон ЕУ, Северна Македонија посветена на помошта и поддршката за Украина, нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга

October 12, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија

Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, Северна Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.

Вархеји: Издржан реформски напредок на Северна Македонија кон ЕУ

Европската Комисија со различен став од ВМРО-ДПМНЕ во однос на Државната комисија за спречување на корупцијата

Очигледни се разликите во ставовите на Европската Комисија и на ВМРО-ДПМНЕ во однос на делувањето на Антикорупциска.

Европската Комисија со различен став од ВМРО-ДПМНЕ во однос на Државната комисија за спречување на корупцијата

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска: Северна Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, зашто таа поддршка значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација. Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа.

Петровска: Северна Македонија на дело покажа дека е цврсто посветена на помошта и поддршката за Украина

 

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Папата Франциск на неговата неделна општа аудиенција во средата ги осуди руските „немилосрдни бомбардирања“ на украинските градови и ги повика „оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце“ да престанат.

Папата ги осуди руските „немилосрдни бомбардирања“ на украинските градови

Руските војници изминатиот ден убија шест жители на регионот Доњецк, седум цивили загинаа во непријателско гранатирање на регионот Запорижја, додека во руските напади на Никопол едно дете е тешко повредено.

Во руските гранатирања на регионите Доњецк и Запорижја загинаа 13 цивили, повредено шестгодишно дете во Никопол

СВЕТ

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс.

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина

Со денешната судска одлука 77-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир има досега вкупно 26 години затворски казни и тоа за корупција, поттикнување, кршење на правилата за Ковид-19, изборна измама и кршење на актот за службена тајна.

Судот во Мјанмар повторно ја осуди Аунг Сан Су Чи на затвор, овој пат на три години за корупција

РЕГИОН

Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, една недела пред конститутивната седница на 48. Народно собрание, на неформален состанок, претставници на седумте парламентарни партии разговарале за тоа како ќе се одвива првата седница, закажана за 19 октомври.

Повеќето бугарски парламентарни партии не сакаат руската амбасадорка да присуствува на конститутивната седница на новото Народно собрание

Србија уназадува во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика

Во новиот годишен извештај што ќе биде објавен денеска, Европската комисија оценува дека во Србија е забележано уназадување  во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, истакнувајќи дека некои изјави и постапки на високи српски претставници се во спротивност со надворешната политика на ЕУ.

Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРИЗНАНИЕ Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, информираат од претседателскиот кабинет.

Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“ во Северна Македонија

ИНВЕСТИЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Северна Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза, информираат од владината прес служба.

Ковачевски на отворањето на канадска „Магна“ во Струга: Нови инвестиции и вработувања и во услови на најголемата светска криза

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои процедура за заштита и превенција од сексуално вознемирување, како континуитет на интегрирање на родовите аспекти во Комисијата, поддржано од ОБСЕ.

ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените

ЕНЕРГЕТИКА Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Васко Ковачевски: Дури и да има поскапување на струјата по Нова година, тоа ќе биде минимално

СЛОБОДНА ЗОНА

Злосторничкиот поход на Русија против Украина е неморален и нечовечен чин. Оваа војна ги содржи сите зла и сиот апсурд на современиот свет, но и многу повеќе од тоа. Се работи за војна меѓу мрачното минато и иднината, самиот опстанок на светот. Ова не е регионална војна, туку светска војна во која агресор е држава со диктаторски режим. Таа држава е нуклеарна сила и членка на Советот на безбедноста на ОН. Самите темели на светскиот поредок и на човечката цивилизација се разнишани од корен., пишува Џабир Дерала во колумната „Морална и човечка обврска“.

Морална и човечка обврска

Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ