• Latest

Почитувањето на различностите и недискриминацијата да не бидат само на хартија, МНР упати уште една протестна нота до Бугарија, ССМ се оградува од политичките игри со паркираните автобуси пред Владата

October 21, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Почитувањето на различностите и недискриминацијата да не бидат само на хартија, МНР упати уште една протестна нота до Бугарија, ССМ се оградува од политичките игри со паркираните автобуси пред Владата

October 21, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Различности, (не)дискриминација и искуства

„Различности, (не)дискриминација и искуства“ е темата на панел дискусијата на ЦИВИЛ која разговараа Даниел Петровски од Здружението „Романо Ило“, Фари Хисени, портпарол на општина Чаир и Бојан Петровски од Асоцијација за политики и активизам.

„Вредностите кои што во ЦИВИЛ ги споделувавме беа еднаквост помеѓу народите, еднаквоста помеѓу жителите во нашата држава, промоција на мултикултурализмот. Сега доаѓам како вработен во општина Чаир, а знаеме дека Чаир е една од најдиверзитетните општини на ниво на цела држава. Таргетот на работа и луѓето со кои соработувам ми остануваат исти, од тој профил. Целта на НВО секторот и државните институции е секогаш да се промовира мултикултурата како вредност на нашата држава и да се потрудиме секој граѓанин да има пристап до институциите“, изјави на панелот, Хисени, портпарол на општина Чаир.

Тој додаде дека институциите се натрупани со многу бирократски процедури и многу често застојот за било ккави активности или решенија заглавува во овие бирократски пречки со кои се оптоварени.

„Нашата главна цел е вклучување на граѓаните, посебно на младите луѓе во процесот на креирање локални и национални политики. Мислиме дека ќе ја прошириме дејноста на работа. Едниот сегмент е креирање политики, другиот дел е истражувачки центар, каде што ќе се обидеме на граѓаните, на младите но и на институциите да им докажеме преку бројки кои што ни самите институции не можат да ги увидат на терен. Така што од една страна ќе бидеме гласот на граѓаните и младите, а од друга страна и поддршка на институциите и градење на едно подемократско општество“, вели за ЦИВИЛ, Петровски од Асоцијација за политики и активизам.

„Она што сакам да го потенцирам е дека ние во Северна Македонија многу говориме за мултикултурно општество, но никогаш и многу малку говориме за интеркултурно општество. Во ред е да се почитуваат нашите разлики и да дозволиме етничките заедници да се промовираат и да се сочува нивната култура, но малку знаеме за интеркултурното општество. На пример, многу малку Албанците знаат за ромската култура, многу малку Македонците знаат за ромската култура. Од една страна тоа е еден од моментите за креирање на стереотипи и предрасуди, од друга страна тоа е основата за непочитување помеѓу самите луѓе и доведување до конфликти. Многу малку во националните институции се интерпретира ромската култура“, додава Петровски од Романо Ило.

Различности, (не)дискриминација и искуства

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„За мене дилемата е дали требаше вака да се постапи. Од една страна има логика бидејќи Бугарија го прави истото тоа со години. Прашањето е дали да бидеме исти како Бугарија или да бидеме подобри. До сега бевме подобри и на тоа се аргументиравме, односно, дека Бугарија не ги почитува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се донесени во корист на вакви здруженија на етничките Македонци во Бугарија на кои не им се дозволува регистрација. Ние ем што дозволуваме, ем се регистрирани и делуваат, очигледно. Во ситуација кога нема регулација за употреба на имињата, освен името Македонија за кое треба одобрение од Министерството за правда, за ништо друго, така што и тука имаме манипулации со тоа дали дало или не Министерството, затоа што нема врска да се побара ниту да се даде“, изјави Александар Кржаловски, извшрен директор на МЦМС во разговор со ЦИВИЛ Медиа.

Кржаловски: Измените во Законот за граѓански здруженија треба да се прави системски, а не со ад хок, избрзано решение

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА НА МНР По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, Костадин  Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија, информираат од МНР.

МНР упати вербална нота до Бугарија за изјавата на Костадинов со иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија

МВР Министерот Спасовски од Берлин: Досега преку новите базни станици издадени вкупно 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство. Согласно новиот проект од страна на МВР обезбедени се и инсталирани вкупно 11 базни станици, и тоа во Њујорк, Венеција, Брисел, Стокхолм, Љубљана, Лондон, Берн, Виена, Бон, Берлин, и Минхен, како и 5 мобилни станици.

Спасовски од Берлин: Досега преку новите базни станици издадени вкупно 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство

ССМ Сојузот на синдикатите на Македонија известуваат дека платата на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска е исплатена и со тоа борбата на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на РМ (СРСВМ) со Синдикалната организација во ЈСП и ССМ го дале својот резултат, при тоа нагласувајќи дека се оградуваат „од политичките игри на поединци со паркираните автобуси пред Владата“.

Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Марјан Митовски работи незаконски и ги крши работничките права така што ги задолжува вработените со работни обврски што не се опфатени со склучените договори за работен однос, обвинуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот СУТКОЗ, пренесува МИА.

Синдикатите алармираат на кршење на работничките права во ЈП „Водовод и канализација“

ЗАПАДЕН БАЛКАН Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, сака да постигне подобра регионална соработка на Конференцијата за Западен Балкан што денеска се одржува во Берлин. На состанокот на министрите за надворешни работи на регионот главниот фокус ќе биде ставен врз напорите за создавање заеднички регионален пазар, а ќе се разговара и за прашањето на енергетска безбедност, вп позадина на руската војна во Украина, појасни портпарол на германското МНР.

Заедничкиот пазар во Западен Балкан во фокусот на конференцијата „Берлински процес“

СВЕТ Холандските пратеници побараа од владата на Марк Руте да стави вето на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген, бидејќи тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји, објави Romania Journal.

Холандија гласаше против влезот на Бугарија во Шенген, Радев бара помош од Шолц и Макрон

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Камерите за брзина продолжуваат да исчезнуваат во Шведска, најчесто по должината на автопатот E16 помеѓу Хофорс и Фалун, пренесува шведски Афтонбладет. Украдените камери може да се најдат, меѓу другото, и во дроновите од руско производство користени во војната во Украина, кои користат камери од ист тип.

Украдените камери за брзина од Шведска завршиле во руските дронови над Украина

Руските војници продолжуваат со грабежите. Тие украле уште една машина за перење од украински дом. Систематски грабеж. Дали имаат специјална испорака во Русија за ова? Се прашувам како се вика? напиша на Твитер советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герасченко, каде објави и видео на кое се гледа како двајца руски војници радат машина за прење од кужа во окупираниот дел на Украина.

(Видео) Руски војници крадат машина за перење од украински дом

Руските сили најверојатно поставуваат услови за отстранување на воените, окупациски елементи од западниот брег на реката Днипро. Институтот за студии за војната (ISW) во својата последна проценка оценува дека на 20 октомври се појавија голем број извештаи кои укажуваат дека руските сили преместуваат воена опрема, како и украдени противпожарни возила, цивилни автомобили и други разни предмети за домаќинството низ реката Днипро, појужно до градот Хола Пристан и на исток до Нова Каховка.

ИСВ: Руските сили се подготвуваат за повлекување од западниот брег на Днипро, за да избегнат уште една катастрофа

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Зелена читанка“ е нова публикација на ЦИВИЛ, чија цел е, на лесно разбирлив начин да се придонесе кон подобрување на нивото на знаење и зајакнување на јавната свест за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Насловна страница на „Зелена читанка“ на македонски

Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. И проектот и самата публикација се придонес кон развојот на зелените политики и практики. Читанката е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено можат да биде корисна за носителите на одлуки и нивните тимови за односи со јавноста, граѓанските организации, институциите и медиумите.

„Зелената читанка“ е лесно разбирлива и податлива за почетно, но и продлабочено запознавање со зелените прашања.

 

 

„Зелена читанка“ – придонес кон разбирањето на зелените прашања и зелените вредности

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала во едиторијалот насловен – „Зелена читанка“ за оние што се грижат за иднината на светот, пишува: Како претставник на ЦИВИЛ – Центар за слобода и дел од луѓето што ја формираа организациската единица Зелен Цивил, чест ми е да кажам неколку збора за една нова публикација. Се работи за публикацијата „Зелена читанка“ објавена на 21 октомври 2022.

Забележливо е дека дел од проблематичните одлуки на централно и локално ниво се должат отсуство на вистинско разбирање на одржливоста и меѓусебната поврзаност со другите релевантни сфери на социо-политичкото дејствување во општеството. Повеќе од итна е потребата да се разбере меѓусебната поврзаност, односно неделивост на областите како што се социјалната и еколошката правда, антинационализмот, владеењето на правото, родова еднаквост и антидискриминација.

Тие и не само тие се интегрален дел од зелените политики. А тие вредности може да се негуваат и практикуваат единствено во нивната целовитост и неразделивост.

„Зелена читанка“ за оние што се грижат за иднината на светот

Војо Маневски во колумната насловена „Плаќање на сметката“ пишува: Читам деновиве за карактеристиките на економските модели од почетокот на деведесеттите кога либералистичкиот систем на организација на општеството и економијата заедно со глобализацијата како незапирлив процес  беше на својот врв.

Плаќање на сметката

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ